Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Тепачка на скопскиот базен „Бисер“

Катерина Гетева Коментари (16)   
31.07.2010 18:49
 
 

Желбата за разладување од горештините прерасна во тепачка вчера на паркингот на скопскиот базен Бисер. Тупаници и шамари, раскрвавени носеви и усти.

Пресметка меѓу обезбедувањето на воениот базен и семејството на скопјанецот Сафет Адил, кој кого тепал и зошто, обезбедувањето барало гостите да ги почитуваат правилата за влез на базен, семејството на Сафет Адил обвинува за расна дискриминација.

„Работата беше, ако веќе не не пуштаат да ни кажат зошто. Едно од момчињата таму, почна да ни објаснува зошто, меѓутоа не стигна ни момчето да ни објасни, бидејќи од друга страна рипнаа и почнаа да не буткаат и удираат. Дали е ова некоја расна дискриминација со нас Ромите, едноставно не не сметаат за луѓе“, изјави Сафет Адил.

Сафет Адил
 

Децата на Сафет не било прв пат да доаѓаат овде на базен, претходно влегувале, но со другари Македонци, раскажуваат. Секој со своја приказна и со вистината на своја страна. Од базенот Бисер потврдија дека имало тепачка, но дека обезбедувањето било нападнато од налутените гости на кои не им дозволиле да влезат, но не поради нивната етничка припадност, туку поради тоа што не носеле костими за капење и пешкири.

Откако синот на Сафет, Сали, брат му и неговиот пријател не ги пуштиле внатре, заминале, но по некое време се вратиле назад. Прво дошло до вербална расправија, а потоа и до тепачка. Интервенирала и полицијата, за нарушување на јавен ред и мир, ќе одговараат сите и обезбедувањето и членовите на семејството Адил.

Сали Адил вчера заработил уште една пријава велат од МВР. Втората пред градската болница во Скопје и таму го смирувале полицајци. Западнал во расправија со група која чекала лекарска помош поради повреди од сообраќајна несреќа.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов [30.07.2010]
• Македонски бизнисмен го претепал својот грчки ортак [29.07.2010]
• Се чека ДНК анализата од фетусот пронајден во канализацијата [27.07.2010]
• Пронајден мртов фетус во канализација во Гостивар [26.07.2010]
• Убиена 28-годишна девојка во Кичево [20.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk