Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Охридските бродови револтирани од пратениците

Нина Кепеска Коментари (2)   
31.07.2010 17:09
 
 

Охридските пратеници во парламентот останаа глуви на апелот на Охридските бродари и не дојдоа да ги слушнат нивните проблеми на денешниот протест со кој пред капетанијата, закотвените бродови го изразија револтот од забраната за пловидба со што од пред две недели им пропаѓа туристичката сезона, нивниот бизнис, страдаат туристите кои немаат воден пат до Свети Наум, Охрид го губи имиџот, а Охридското Езеро е без бродски сообраќај.

Бродарите кои како еден од главните виновници за нивните хронични проблеми поради нестручност и непознавање на внатрешната пловидба, го гледаат капетанот на Охридската капетанија Љупчо Настески, и натаму бараат негова смена и реорганизација на капетанијата.

Единствениот кој ги поддржа бродарите Охридскиот градоначалник Александар Петрески, смета дека забраната за пловидба на бродовите, од што Охрид и туризмот имаат огромни штети и другите проблеми поврзани со езерото се заложници по секоја цена и покрај некадарноста, на функцијата капетан да остане Настоски, поради роднинско - партиските врски со еден од Охридските пратеници на владејачката партија.

„Не може оваа екипа од партиски војници да ја води Капетанијата, зошто таа е одговорна не само за Охридското Езеро, туку и за се што е пловно во Македонија, за сите езера, реки и пловни објекти. Овој кадар чиј најголем дострел во работата била работата во „Застава“ или Тане Маркоски, кој неодамна замина во пензија, срамота е за Македонија,ваква важна институција да ја водат не аматери, туку тотално нестручни и непрофесионални луѓе, чисто партиски војници“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Александар Петрески
 

Бродарите велат дека одамна воочувале на време да се реши проблемот за технички преглед, за да не дојде до временски теснец, но Капетанијата што постои за езерската пловидба и бродарите, со своето незнаење го погребува Охридското бродарство.

„Поголемо понижување капетаните во Охрид никогаш немаат доживеано. Да бидат раководени од нестручни луѓе кои не се возени со брод, а камоли да бидат бродовозачи, капетани на брод и слично. Затоа бараме комплетна реорганизација на целата капетанија и сите надлежни мораат да сфатат во повисоките структури дека овој не е единствениот проблем кој е наметнат и не е решен.

- Проблеми ќе има и понатаму. Најодговорно тврдам и прашувам од 2006 година, од кога е овој состав на Капетанијата, дали работата во овие четири години е мрдната четири милиметри“, рече Горан Устијаноски, претседател на Здружението на Охридските бродари.

Поради неможноста да изберат најповолна фирма за технички преглед и неможноста да ги платат трошоците за регистрација, некои од Охридските бродари можно е да ги продадат бродовите на странски купувачи, со што Охрид може да остане без бродска флота.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бродарите бараат итно поставување на нов раководител [30.07.2010]
• Капетанот на охридската капетанија ги посети бродарите [29.07.2010]
• Охридската капетанија не го решава проблемот со закотвените бродови [28.07.2010]
• Охридските бродови вкотвени втора недела [27.07.2010]
• Охрид ја одбележува најслабата туристичка сезона [26.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk