Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Струмица без пречистителна станица

Сузана Тасева Коментари (1)   
31.07.2010 17:04
 
 

Неподнослива миризба се шири и дење и ноќе, а неиздржлива е во летните месеци се жалат жителите од селата околу реката Струмица, во која се влеваат фекалните води од градот поради неизградената пречистителна станица.

Тие велат дека имале проблеми и при продажбата на земјоделски производи, бидејќи кога купувачите ќе слушнале дека се од овие села не ги сакале нивните производи.

„Многу мириса, не се стои ни насабајле ниту навечер, по цел ден и кога ќе се кажеш дека си од село Сачево имаш проблем за на пазарот да продадеш нешто“, вели Васе Петров, жител на Сачево.

Камен темелникот на пречистителната станица е поставен пред 16 години. Требаше да се гради со гранд од Грција, но поради спорот со името таа досега не ги одобри парите. Сега локалната власт вели дека обезбедила 9,8 милиони евра од европската унија, преку ИПАРД компонентата за заштита на животната средина.

„Ова станица ќе опслужува 60 илјади жители иако градот Струмица е нешто под 40 илјади жители со околните села вкупно 45 илјади е димензионирани за наредните 30 до 40 години раст, кое што истовремено значи огромни еколошки придобивки пред се на граѓаните на Струмица, целиот струмички регион“, рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Со фекалните води од градот реката Струмица преку сливот во реката Струма врши загадување и во Бугарија и Грција. Според најавите пречистителната станица треба да биде готова следната година.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Заев заработи кривична пријава за лажно сведочење [31.05.2010]
• Во Струмица почна изградбата на новиот плоштад [07.04.2010]
• Заев ќе ја фасадира Струмица [27.01.2010]
• Струмица го славеше патрониот празник [11.12.2009]
• Надлежните молчат за браната Турија [23.12.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk