Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска

Гоце Михајлоски Коментари (8)   
31.07.2010 16:33
Весна Ковачевска Трпчевска
 

Наместо да пишувате емотивни писма, повлечете се од медиумите - отпуштената новинарка од Канал 5, Весна Ковачевска Трпчевска, одговори на отвореното писмо на шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер.

Сакате да соопштувате, а не да ве прашуваат вас и Премиерот. Барате послушност, затоа новинарите се солидаризираат, не поради некаква хајка против вас, туку оти на своја кожа ги почувствувале политичките притисоци, пишува новинарката во возвратното писмо.

„Цензура во Канал 5 има, влијанија од власта и од кабинетот на Премиерот има. Го слушам Мартин Протуѓер ме повикува за некакво добро во интересите на Република Македонија. Нека престане да оценува, да нарачува, нека ги тргне рацете од медиумите, така тој ќе придонесе најдобро за Република Македонија“, изјави Весна Ковачевска Трпчевска.

Мартин Протуѓер
 

Откако отпуштените новинари ги примија претставниците на САД, ЕУ и ОБСЕ, на нив се сети и Претседателот Иванов. Се интересирал зошто и на кој начин биле избркани од работа.

„Нема многу можности како да реагира, меѓутоа се заложи дека овие работи треба институционално да се решаваат. Значи во рамки на институциите, да се види дали се почитуваат законите и во медиумите, затоа што ние, како новинари водиме битки, многу битки и на крај победуваме во тие битки кога станува збор за други компании, за други луѓе кои што се избркани од работа, а во нашата битка неуспеваме да отидеме до крај и да извојуваме во наша корист“, вели Александра Мишовска.

Отпуштањето на осум новинари од Канал 5 веќе неколку дена предизвикуваат лавина реакции, како во домашната така и кај претставниците на меѓународната јавност. Најтивки беа тие што требаше да бидат најгласни, Здружението на новинари испрати само штуро соопштение, а т.н. иницијаторите за реформи наместо слобода, од власта побараа да испраќа инспекции во медиумите.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница [30.07.2010]
• Стоп за цензурата во новинарството [29.07.2010]
• Фуере: Владата да сфати дека слободата на печатот е столб на демократијата [29.07.2010]
• Во „Димитрија Чуповски“ не знаат да објаснат како прават анализи [15.07.2010]
• Став на А1 Телевизија [14.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk