Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Музичари од целиот свет го учат Македонскиот фолклор

Виолета Кожинкова Коментари (1)   
31.07.2010 16:17
Роберт Викери
 

Професори на универзитетот „Стендфорд“, музичари и предавачи на балканската култура, сите дојдоа во Македонија да учат како се свират зурла и тапани, но и да научат како се игра „Елено моме“ и „Пајдушко“. Некои се вистински експерти, како брачниот пар, Роберт и Дорис Викери кои доаѓаат од САД.

„Јас играм дваесет и пет години, а Роберт игра четириесет“, вели Дорис Викери, музичар од САД.

„ Играта доаѓа од земјата, многу е стара, традиционална и тоа ја прави посебна. Ние сме од Санта Барбара, Калифорнија. Секоја среда во парк носиме храна и вино и цела ноќ играме македонски ора“, раскажува Роберт Викери од САД.

И професорот Мајкл Гинсбург од САД е вистински амбасадор на македонската култура. Тој е фасциниран од македонските ора, особено од „Тешкото“.

„Ми се допаѓа токму тој атлетски аспект од орото. Ми се допаѓа ритамот што е различен од оној на Западот и секогаш ме фасцинирало да го проучувам тој ритам“, вели Гинсбург, директор на етно фестивалот „Голден фест“, Њујорк.

Седумдесетината странци во Берово дојдоа на семинарот што веќе пет години го организира музичарот Горан Алачки.

„ Тоа пред се луѓе кои во своите земји на своите универзитети и здруженија каде што членуваат ја негуваат балканската музика, а пред се македонската“, вели Алачки.

Македонската музика странците ги пленува со едноставноста и емоцијата што трепери од секој стих.

 
 

„Ја совладуваат не е важно дали е тапанот, виолината или хармониката, битен е јазикот, ритамот кога ќе биде совладан во глава тогаш е многу полесно“, вели Бајса Арифовска, предавач на семинарот.

Оваа година во Македонија дојде и групата „Вилиџ хармони“, која го негува госпел пеењето, но Американците добро се снајдоа и со македонската музика.

„Прекрасна мелодија, прекрасна игра. Јас балканските танци ги играм од мојата деветта година и целиот мој живот ми помина во игра“, вели Мери Кеј Брас, група „Вилиџ хармонони“ - САД. Некои од учесниците на семинарот на шега велат дека многумина од нив македонскиот фолклор го познаваат подобро од самите Македонци.

„Пред десетина години во Скопје имаше повеќе од 76 ансамбли, сега ги има седум, тоа јасно покажува дека не се води доволно грижа за фолколорот“, вели Сашко Кузаревски, КУД „Орце Николов“ - Скопје.

Малите градови многу подобро ја чуваат нашата традиција, а ние понекогаш подзабораваме какво богатство се крие во македонскиот фолклор. Блазе си ни што странците секогаш се тука да не потсетат колку вредиме.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Претставата „Баханалии“ на „Стоби 2010“ [28.07.2010]
• Одбележан денот на смртта на Мисирков [26.07.2010]
• Монодрамата „Антигона“ синоќа беше изведена на Стоби [26.07.2010]
• Промоција на турската култура во Македонија [22.07.2010]
• „Хамлет“ на Драмски ја крена публиката на нозе [20.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk