Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Амбасадорот Треневски не бил добро разбран

Ирина Гелевска Коментари (13)   
31.07.2010 16:12
Никола Груевски
 

По скандалозните изјави дека ќе ги спори принципите на консензус и солидарност во НАТО и поделбата на пријателски и понепријателски земји членки, новоназначениот амбасадор при НАТО Мартин Треневски имал разговор со Премиерот Груевски, кој побарал да ги објасни ставовите пренесени во медиумите.

„По она што јас исконтактирав со него, можам да кажам дека тој ќе има деновиве други интервјуа каде ќе ги дообјасни работите. Се чини дека има едно недоразбирање, односно можеби несоодветен вокабулар во неговото излагање, тој смета дека не е добро разбран или можеби не се изразил најдобро, но ми кажа дека деновиве ќе има јавни интервјуа за некои медиуми и ќе си ги дообјасни своите ставови. Во секој случај стратешка цел на Владата е членството во НАТО“, изјави Премиерот Груевски.

Мартин Треневски
 

НАТО засега не се изјаснува за изборот за нов македонски амбасадор во Брисел. Од Алијансата велат дека за нив се важни и партнерските земји кои учествуваат во мировните мисии.

„НАТО смета дека партнерите се важни, бидејќи помагаат во ширењето на стабилноста и ни даваат подобра слика за одредени региони. Она пак што партнерите можат да го добијат од НАТО е отворен влез за членство“, вели Џонатан Париш, приватна канцеларија на генералниот секретар на НАТО.

Владата се уште останува на ставот дека полноправното членство во Алијансата е приоритет, но по се изгледа нема намера да го смени новиот амбасадор при НАТО кој уште пред да ја преземе должноста од 1-ви септември предизвика контроверзности и дома и во седиштето на НАТО во Брисел.

Реакции на опозициските партии

СДСМ го повикува Премиерот Груевски да не се обидува да го оправда својот избор за нов амбасадор во НАТО Алијансата, туку треба на јавноста да и објасни: Како може човек со вакви ставови да биде испратен во најмоќната политичко-воена организација во светот? Дали ова е јасен сигнал дека се зајакнува и официјализира анти-НАТО и анти-ЕУ политиката на Груевски и фамилијата? прашува СДСМ.

За Нова Демократија пак, секоја сериозна држава, и сериозна Влада ги повлекува таквите личности ако има случаи од амбасадите како што беше случајот со изјавите на г-динот Треневски, напротив нашата Влада цврсто стои зад изјавите на г-динот Треневски и тоа ни дава до знаење дека самата Влада промовира политика на регрес.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Мета: Албанците во Македонија да придонесат за интеграција во НАТО и ЕУ [29.07.2010]
• Милошоски - Мета: Иднината на регионот е во обединување [28.07.2010]
• Порака од Милошоски и Чавошоглу по повод Светскиот ден на бегалците [20.06.2010]
• Букурешт ќе застане зад секој компромис со Грција [27.05.2010]
• Комитет на министри на СЕ претседава во министерството за надворешни [20.05.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk