Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Колони туристи се враќаат од Грција

Сузана Тасева Коментари (11)   
30.07.2010 19:19
 
 

Со полна пареа денеска се работеше на граничниот премин „Богородица“. Во осум ленти се влегуваше во Македонија од Грција. Најбројни беа српските државјани, денеска им завршувал десетдневниот одмор. Нивните искуства од неколкудневната криза со горивото се различни.

„Ситуацијата за странските туристи е добра, кога ќе ги видат таблиците ставаат гориво, знаат отприлика колку треба до граница за да можеме безбедно да се вратиме. За нивните граѓани моментално има ограничување до 30 литри за да може во пресрет да им се излезе на гостите“ вели турист од Србија.

„Едвај чекавме да дојдеме до Македонија за да наполниме гориво“ додаде турист.

„Купивме бензин кај нив на некои приватни пумпи пред 3-4 дена, сега нема“, рече турист од Србија.

Драстично е зголемен бројот и на грчките државјани кои во Македонија доаѓаат само по гориво. Од две илјади пред кризата, сега дневно доаѓаат меѓу четири и пет илјади Грци.

„Доаѓаат исклучиво поради кризата за бензин бидејќи на 500 метри од граничниот премин имаме две бензински пумпи, точат гориво и се враќаат“, изјави Никола Стамов, командир на полициската станица на граничниот премин „Богородица“.

Литар бензин сега во Грција се продава по цена од едно евро и седумдесет центи до две евра. Кризата со гориво не ги поколеба ни оние кои допрва таму планираат да заминат на летување.

Велат дека се информирани за кризата и во Грција влегуваат со полни резервоари. Дневниот проток на патници на граничниот премин „Богородица“ е околу 25 илјади луѓе, најбројни се Србите, а бројот на Македонците се движи меѓу осум и десет илјади.

Недостигот на гориво во Грција се појави со штрајкот на возачите на цистерни кој почна пред пет дена и не се знае кога ќе заврши. Поради ова на стотици илјади туристи им е загрозен одморот, а туристичкиот углед на Грција е оцрнет, поради што се откажуваат туристичките ангажмани.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Над сто илјади туристи блокирани во северна Грција [30.07.2010]
• МНР: Патувајте во Грција со полн резервоар [29.07.2010]
• Грција ќе остане без гориво поради штрајк [28.07.2010]
• Грчки терористи го убиле новинарот Гиолиас [27.07.2010]
• Папаконстантину: Грција ќе ја добие втората рата од ЕУ и ММФ [24.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  7. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk