Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница

Сашка Цветковска Коментари (5)   
30.07.2010 18:48
Весна Ковачевска Трпчевска
 

„Драга Весна, не сум крив“ - вака шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер одговори на обвинувањата дека преку него се вршеле притисоци врз новинарите во Канал 5 телевизија. Во писмо до отпуштениот новинар од Канал 5 негира дека се мешал во работата на новинарите и дека учествувал во отпуштања на новинари.

„Обвинувањата дека сум се мешал во уредувачката политика на телевизијата апсолутно не се точни. Но, нив можам да ги разберам затоа што ги гледам како дел од една очигледна и валкана политичка кампања во која ти статираш, можеби и несвесно, не знам“ - се вели во отвореното писмо од Протоѓер.

Во емотивното писмо до Весна Ковачевска Трпчевска тој се нуди и да помогне, зашто отсекогаш се залагал за слободно новинарство.

„Мене ме имаш на своја страна, а ако сум толку моќен колку што велиш, тогаш нема од што да се плашиш, кога ме имаш мене, Весна“.

Освен до новинарот, Протоѓер ја повикува и Канал 5 телевизија да и објасни на јавноста дека тој и Владата никогаш не се мешале во работата на уредништвото.

Во меѓувреме, реакциите околу случајот со отпуштените новинари растат. Од македонскиот институт за медиуми велат дека ова е само уште еден пример кој ги исфрла на површина долгогодишните проблеми на новинарите.

„Неопходно е медиумскиот бизнис да се трансформира во бизнис кој што ќе живее од квалитетот на тоа што го нуди, а не да биде поддржувачка активност на било кој центар на моќ. Се додека имаме ваква ситуација ќе се вртиме во круг, меѓутоа мислам дека ние сме во фаза кога целокупниот медиумски систем во Македонија е пред колапс“, изјави Билјана Петковска, македонски институт за медиуми.

А по случајот со отпуштените новинари од Канал 5 телевизија, меѓу кои дел обвинија дека се работеле под притисок од власта, за македонската медиумска состојба повторно интерес пројави меѓународната заедница.

По разговорите во американската амбасада, денес новинарите беа повикани и во ОБСЕ. Во Фокусот биле состојбите со слободата на медиуми и работничките права на новинарите.

Реакција стигна и иницијативниот одбор на реформи во здружението на новинари - бараат новинарски синдикат, здраво новинарско здружение, но и праќаат апел да власта - да се држи до својата улога и да ги стави во функција инспекциските служби со што ќе обезбеди еднаков амбиент за работа, каде законите ќе важат за сите медиуми.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Стоп за цензурата во новинарството [29.07.2010]
• Фуере: Владата да сфати дека слободата на печатот е столб на демократијата [29.07.2010]
• Во „Димитрија Чуповски“ не знаат да објаснат како прават анализи [15.07.2010]
• Став на А1 Телевизија [14.07.2010]
• Сигналот на БУМ ТВ е достапен за 92 проценти од населението [14.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  7. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk