Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

„Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски

Пеце Стефановски Коментари (12)   
30.07.2010 15:54
Жаклина Ѓоргиевска
 

„Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти што ги произведува Душко Илиевски и неговата фамилија. Целта е, да им се помогне на битолските земјоделци кои скоро две недели беа во притвор и земјоделските работи им заостанаа.

Сега, наместо да висат по пазаришните тезги, најголемиот трговски синџир во државата ќе ги прифаќа сите нивни градинарски продукти. Денеска, се откупија неколку тони компири.

„Гледајќи ја и следејќи ја ситуацијата во која западна семејството Илиевски не по своја вина, тоа веќе добро го знаеме, маркетите „Хедис“ решија колку што е можно да помогнеме во откупот и пласирањето на нивните производи. Тоа е едно добро што можеме да направиме за ова семејство“, рече при денешниот откуп Жаклина Ѓоргиевска, директор на „Хедис маркети“.

Браќата Цане и Душко, со сопругите, два дена не застанаа од работа за да ја завршат оваа берба на компири и на крај да ги натоварат.

Душко Илиевски
 

„Да му се заблагодарам на господинот Велија Рамковски кој во најтешките моменти излезе да ни помогне, да ги откупи компирите и другите земјоделски продукти бидејќи западнавме во тешка ситуација. Се договоривме со Маркетите на Хедис да ми ги откупат компирите и сите земјоделски култури“, рече Душко Илиевски.

Битолскиот фармер иако од рани зори презафатен со работа, цврсто се носи со товарот на истрагата, политичките пресметки, собраниски дебати и медиумскиот интерес. И натаму ќе докажува дека при полициското сослушување бил малтретиран и дека нема намера да и се извинува на полицијата.

„Ако сакаат нека ме казнат и тие ќе ги продадам и ќе им ги дадам на Државата нека ги доземи. Осумдесет и шест грла ги зеде, па овие нека ги доземи. Да им се извинам тепан и малтретиран“, запраша битолскиот фармер.

Во очекување на кривично - правна разрешница по обвинувањето дека во нивата одгледувале канабис, семејството Илиевски ја продолжува секојдневната битка со нивите кои за нив живот значат.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Додека беше во затвор во нивата на Илиевски никнале нови стебла марихуана [29.07.2010]
• МВР: Илиевски да се извини за лагите [29.07.2010]
• Започнува истрага дали фармерот Илиевски бил малтретиран [28.07.2010]
• Фармерот тврди дека бил малтретиран во притворот [27.07.2010]
• Илиевски: Јас сум жртва на Сведмилк [26.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk