Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Агровести  

Залихите на вино најавуваат неизвесност на новата реколта

Виолета Кожинкова Коментари (4)   
30.07.2010 15:50
 
 

Анализата на „А1“ на состојбата на винариите ја продолжуваме со винарската визба „Имако вино“ од Штип. Како и во сите други винарии и овде цистерните се полни со залихи на вино.

Дури 30 % е поголема залихата на вино во цистерните на „Имако вино“ што најавува незивесност за новата реколта. Залихите освен што се погубни за винариите ќе удрат и по лозарите бидејќи оваа како и останатите македонски винарии нема да можат да го откупат целокупниот род на грозје.

„Ова година сигурно ќе се откупат од 20-40 % помалку грозје. Трагедијата да биде уште поголема е и тоа што земјите од нашето опкружување не можат да го откупат вишокот на грозје“, вели Ристо Љуботенски, винарија „Имако вино“, Штип. Лани, винаријата „Имако вино“ и излезе во пресрет на државата, за да ги смири лозарите откупи два милиони килограми грозје повеќе од планираното. Сега за возврат очекуваат државата да им помогне во извозот со стимулирање на цената на виното, но се сомневаат дека помошта ќе стигне навреме.

„Тоа е една од мерките што може да се направи, но ако се примени ќе може да се направи во ноември или декември и ќе се однесува за наредната реколта, што значи дека откупот оваа година ќе биде доста ризичен, нервозен и под знак прашање“, вели Љуботенски.

За лошата состојба во која се наоѓаат винариите знаат и лозарите. Бараат проблемот под итно да се реши, бидејќи во прашање е доведен целиот едногодишен род.

„Апелирам до министерството горе, до земјоделие, до економија, кој може да се најде модус за лозарството. Лозарството ептен е катастрофа, не навлегувам кој е крив, ама не бива ништо“, рече Владо Чулев, лозар од Неготино.

На два месеци пред бербата на новиот род на винариите се уште им се полни цистерните со вино. Годинашнава реколта според проценките ќе тежи околу 200 милиони килограми грозје, а на винариите им се потребни околу 32 милиони евра да им платат на лозарите, пари што тешко ќе може да ги обезбедат без помош од државата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Грозјето зрее, винарските визби со едногодишни залихи [23.07.2010]
• Винарството во Македонија се наоѓа во тешка состојба [22.07.2010]
• Свечено отворање на винаријата „Стоби“ [01.07.2010]
• Турски бизнисмени сакаат да вложуваат во македонски текстил и вино [01.07.2010]
• Македонските вина го докажаа својот висок квалитет [13.05.2010]

  Најнови вести од Агровести 
• „Федерацијата не работи во интерес на фармерите“ [27.08.2010]
• Фармерите бараат средба со министерот за земјоделство [26.08.2010]
• Укинато ограничувањето за увоз на пченица [25.08.2010]
• Да се донесат интервентни мерки ако расте цената на брашното [24.08.2010]
• ЛДП: Владата да отстапи од планот за откуп на пченица [22.08.2010]
• Агро саем во Словенија [22.08.2010]
• Овоштарите од Преспа бараат пари за штетите од градот [22.08.2010]
• Репортажа од село Катлановска Бања [21.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk