Пронајдени остатоци од живот на Марс?
30.07.2010 13:47
Научниците откриле камења кои би можеле да содржат фосилизирани остатоци на животот од раниот стадиум на развојот на Марс. Камењата се откриени кај подрачјето познато како Нили Фосае. Тоа подрачје на Марс се споредува со Австралија на Земјата, каде што се пронајдени некои од најраните докази за постоење на живот на нашата планета. Научниците од Калифорнија тврдат дека камењата на тоа подрачје на Марс е старо и до четири милијарди години, што значи дека таму се наоѓаат три четвртини од историјата на оваа планета. Во 2008. година на тоа место научниците првпат откриле карбонати, што се сметало за конечен доказ дека Марс во минатото можеби бил населен, пишува Би-Би-Си. Карпите од Марс биле анализирани со инфрацрвени зраци, а потоа резултатите биле споредени со резултатите добиени на северозападот на Австралија, во подрачјето на Пилбар. Ова подрачје е дел од Земјата што 3,5 милијарди години успеа да остане на површината. Последните истражувања покажаа дека карпите од Нили Фосае според составот на минералите се многу слични на оние од Пилбар. Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
| 1. | Straso од Makedonija на 31.07.2010 во 17:58 напиша: |
| pa od kaj inaku ke znaeme deka na zemjava sme dojdenci site:)inaku najstarite covecki ostatoci na zemjava datiraat nekade od pred tri milioni godini a kaj bevme nie ljugeto pred tie tri milioni godini znae li nekoj!?pozz .....do a1.....i dr... |
| |
|