Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

Гејтс: Викиликс ја загрозија репутацијата на САД

Ивана Салтировска Коментари (3)   
30.07.2010 11:46
Роберт Гејтс
 

Пентагон ги прегледува 76-те илјади документи што ги објавија Викиликс. Во потрагата по изворот се вклучи и Еф Би Ај. Истрагата се концентрира на 22-годишниот воен известувач и аналитичар Бредли Менинг, осомничен информатор на „аларматорите“.

Тој во мај беше обвинет дека доставил доверлива снимка од американски хеликоптер на која е регистрирано убиството на снимател на Ројтерс и група ирачки цивили. Менинг, кој бил стациониран во Ирак, се наоѓа во притвор во американска база во Кувајт.

Прв пат во јавноста од објавувањето се огласи и американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. Ги обвини Викиликс дека опасно ги загрозиле САД на бојното поле и нивната репутација во односите со Пакистан и Авганистан.

„Нашите разузнавачки извори, методите, воените тактики, техники и процедури ќе им станат познати на противниците“, изјави Роберт Гејтс, министер за одбрана на САД.

При проверката веќе се откриени документи со имиња на авганистански доушници за САД иако основачот на Викиликс, Џулијан Асанџ тврдеше дека за да избегнат идентификација на тие луѓе не објавиле 15 илјади документи.

Објавеното ги открива позициите на американската војска, нејзината тактика на терен и други информации полезни за бунтовниците. Информациите на Викиликс биле собирани од 2004 до 2009 година.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• САД ќе ги штитат своите новинари во странство [28.07.2010]
• Откриени тајни информации за војната во Авганистан [27.07.2010]
• БП оствари загуба од 11 милијарди фунти [27.07.2010]
• „Сандеј телеграф“: Шефот на БП ќе поднесе оставка [25.07.2010]
• Исламски центар во близина на граунд зеро? [24.07.2010]

  Најнови вести од Свет 
• Експлозија на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив [02.09.2010]
• Почеток на израелско-палестинските мировни преговори [02.09.2010]
• Ерл, Компасу и Лионрок пустошат низ светот [02.09.2010]
• Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel [02.09.2010]
• Унгарската ултра-десничарска партија „Јоббик“ бара логори за Ромите [02.09.2010]
• Русија делумно ја укина забраната за извоз на жито [02.09.2010]
• Технички проблеми во спасувањето на рударите во Чиле [02.09.2010]
• Пет војници загинаа во азербејџанко-ерменски судир [01.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk