Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците

Катерина Цаневска Арсовска Коментари (36)   
30.07.2010 18:45
Гордана Јанкулоска
 

Вие сте министер кој се однесува како истражен судија, обвинител и џелат. Во МВР царува аматеризам и ароганција, а Македонија е полициска држава, обвини опозицијата.

„Денес имаме интерпелација за една од двете клучни полуги за одржување на диктатурата на Груевски, ВМРО-визираниот дел од МВР и нејзиниот лидер.

- За втората полуга Мартин Протуѓер интерпелација му стегнаа и му стигна вчера од новинарската фела“, рече Јани Макрадули, СДСМ.

Дали имате барем трошка срам, храброст и доблест да му се извините на полицискиот службеник кого брутално го нападнавте, врати Јанкуловска.

„На кој пат сакате да не однесете вие потписниците на оваа интерпелација? Се надеваме дека тоа не е патот на нерасчистените и намерно или ненамерно неспречени атентати, мистериозните авионски несреќи, исчезнувањето на дрога од депоата на МВР, шверцот“, одговори Гордана Јанкуловска.

Јани Макрадули
 

Навреди, закани, пцовки, недолични зборови, ова е атмосферата и дел од кажаното во храмот на демократијата.

„Не се плашете господине претседателе, дигнете го гласот, заштитете го Собранието. Јас реагирам процедурално точно заради тоа, министерката продолжува со атак врз Собранието. Нападот на први јуни го продолжува денеска со напад и дисциплинирање на пратениците“, вели Цветанка Иванова, СДСМ.

„Тука на највисоката фотелја седи едно мало безначајно партиско војниче, претседател на Собрание кој мораше да реагира“, рече Весна Бендевска, СДСМ.

„Има квалификации дека некој се однесува фашизоидно, некој пишува фашистички, некој зборува како фашист. Мислам дека недозволиво е за пратеници кои што се избрани од овој македонски народ да користат такви квалификации“, изјави Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали тоа што повеќе луѓе од обезбедувањето на Глигоров 1995. година чудно исчезнаа или загинаа, беше борба со демократијата“, прашува Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Цветанка Иванова
 

„И во оваа држава иако е полициска, пратеник и секој граѓанин има право да праша - кој си ти што ме снимаш, иако знаеме дека на секој агол, на секоја раскрсница не снимате, ги прислушувате сите разговори не само на опозицијата и се навикнавме на вас но, вие не сте навикнати на отпор, ова е отпор, ова е граѓански отпор“ вели Владо Бучковски, СДСМ.

„Јас сум десно ориентиран и конзервативен. Во партијата ВМРО-ДПМНЕ и не ги менувам партнерите за разлика од левичарите, значи не сум оставил никого труден, ни може да ме остават труден“, рече Цветко Грозданов, ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е последна собраниска дебата пред годишните одмори но, уште сега се најавува жешка есен, на оваа иста тема продолжува да работи Анкетната комисија. Опозицијата најавува жестоко спротивставување на најавите на претседателот на Анкетната комисија, Мисини, дека има намера комисијата да работи зад затворени врати.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Политичка пресметка, како се води битката против криминалот [29.07.2010]
• Различни читања на пораките од Брисел [28.07.2010]
• Кој е виновен за лошите оценки на Брисел? [27.07.2010]
• Избор на претседател и членови на Анкетната комисија [26.07.2010]
• Неуспешен обид да се донесе деловникот за работа на Парламентот [24.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk