Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Спорт  

Работнички без отпор загуби од Ливерпул со 2:0

Горан Стерјов Коментари (6)   
29.07.2010 22:48
 
 

Ливерпул е голем и без ѕвездите, па преимпресинираните фудбалери на Работнички вечерва на преполната национална арена ниту имаа шанса, ниту пак ја заслужија.

Црвените од Енфилд победија со 2:0, одигрувајќи го првиот натпревар од третото квалификациско коло во УЕФА Европа лигата како подготвителен пред стартот на за нив вистинската сезона.

Во премирна атмосфера, пред 20-тина илјади гледачи кои дојдоа да го видат Ливерпул, а не да му помогнат на Работнички, деведесетте минути минаа како што сакаше гостинот.

 
 

Комбинираниот тим на Ливерпул ги почувствува можностите на Работнички и ги дозираше силите толку колку што му беа потребни за триумф.

Во сиромашен дуел со шанси, да ги реализира двете му помогнаа и фудбалерите на Работнички. Во 17-тата минута стоперот Белица и голманот Богатинов се чекаа меѓусебе кој да отиде прв на топката која како подарок во празната мрежа ја испрати Нгог.

Натаму ниту Ливерпул имаше намера да притиска, ниту Работнички можеше да сериозно да врати, па од мртвилото на теренот и на трибините се изроди најубавата акција на мечот.

Кели во 58-та минута му асистираше на Французинот Нгог за конечни 2:0 и за тренинг наредниот четврток. Од фудбалерите на Работнички не се очекуваше чудо, но очигледно името на противникот им ги врза нозете, па сега им останува само да уживаат во славната атмосфера на легендарниот Енфилд Роуд.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Фудбалерите на Работнички не бараат сензација [29.07.2010]
• Хоџсон: Без вистинскиот Ливерпул ќе биде тешко [28.07.2010]
• Работнички подготвен за гигантот Ливерпул [28.07.2010]
• Познат тимот за Малта [28.07.2010]
• И Тетекс патува во 3. коло од Лига Европа [22.07.2010]

  Најнови вести од Спорт 
• Типсаревиќ го порази Родик [02.09.2010]
• Познати сите осминафиналисти на СП во Турција [02.09.2010]
• Двајца македонски борачи на СП во Москва [02.09.2010]
• Фудбалерите очекуваат поволен резултат против Словачка [02.09.2010]
• Мурињо: Не сум зависник од титули [02.09.2010]
• Повредата на Робен е мистерија [02.09.2010]
• Капело остана без еден напаѓач [02.09.2010]
• Комплетирано третото коло на ЕП во ватерполо во Загреб [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  7. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk