Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Стоп за цензурата во новинарството

Сашка Цветковска Коментари (17)   
29.07.2010 19:37
Весна Ковачевска Трпчевска
 

Не прифативме диктати од власта - вака својот отказ го објаснуваат дел од групата новинари кои деновиве без образложение добија откази од менаџментот во Канал 5 Телевизија.

За притисоците во куќата прва проговори долгогодишниот новинар Весна Ковачевска Трпчевска која и преку отворено писмо директно му се обрати на премиерот со обвинувања на адреса на власта за ситуацијата во која се доведени.

„Имаше ситуации кога одреден новинар ќе се појавеше на конкретен настан, опкружувањето на Премиерот ќе дознае што е темата на прашањата, потоа ќе се јават кај врвот во телевизијата и врвот на телевизијата ќе нареди тоа прашање да не биде поставено. Е така е направен списокот на неподобни новинари.

- Имало ситуации кога на интерфон слушаме како Мартин Протуѓер дава агенда како одредена тема да се работи во текот на една недела или можеби подолго. Нашата непослушност беше во тоа што немавме директен контакт или не сакавме да имаме директен контакт со шефот на кабинет на Премиерот, Мартин Протуѓер“, рече Весна Ковачевска Трпчевска, поранешен новинар во Канал 5 Телевизија.

За формите на притисоците илустрација даваат и помладите новинари. Ги казнувале од платата кога одбивале да интервјуираат владини функционери кои без причина сакале да бидат вклучени во одредени теми.

Ида Протуѓер
 

„Кога јас тоа го поставив како прашање на еден од интерните состаноци на редакцијата, мене во една завиена форма ми беше објаснето дека јас всушност треба да бидам пример за сите во редакцијата, дека доколку некој од високите функционери побара од нас да го вклучиме во некоја тема, ние не смееме да го одбиеме. И дека всушност моето казнување од плата треба да е пример за сите останати во редакцијата“, вели Христена Антовска Јованчева, поранешен новинар во Канал 5 Телевизија.

Владата ги негираше сите обвинувања, а од уредништвото на Канал 5 возвратија дека тие не им дале откази, туку им понудиле спогодбени раскинувања на договорите. Дополнително во во соопштението стои „свесни сме дека Ковачевска е самохрана мајка и ја преземаме целосната одговорност да се грижиме за нејзиното малолетно дете кога тоа и претставува тешкотија“.

Освен штуро соопштение, друга реакција од здружението на новинари не дојде. Засега интерес за случајот пројави американската амбасада каде денес со отпуштените новинари се разговараше за медиумската слобода. А дека состојбите во медиумите се страшни коментираат и другите новинари.

„Јас бев во слична ситуација, така што многу добро ги разбирам. И јас си отидов од Канал 5, тогаш немав ни поддршка од останатите колеги во редакцијата, но потоа им се случи истото. Еден по еден од истите причини си заминуваа и затоа и давам поддршка, бидејќи знам низ што јас поминав, а сега се и повеќе“, изјави Ида Протуѓер, телевизија Алфа.

Драган Антоновски
 

„Секој новинар треба да знае дека оваа приказна утре може да тропне на неговата врата. Ако денес молчи и ако не застане во одбрана на нашите колеги, утре нема да има кој да го брани кога истото нему ќе му се случува“, вели Сашо Коколанов, весник Дневник.

„Се ова е последица на неорганизираност на новинарите, последица на немање на здружение на новинари, немање на некакво синдикално здружение. Значи треба едно лидерско здружение, каде што ќе има луѓе со авторитет, кои што апсолутно ќе застанат зад она што значи фела. Значи на здружението му требаат новинари“, рече Драган Антоновски, телевизија Сител.

Со половина црна страница во знак на протест и поддршка до колегите утре ќе излезат скоро сите печатени медиуми. А новинарите од Канал 5 ќе чекаат да се огласи нивното здружение, но правда ќе бараат и на суд.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Фуере: Владата да сфати дека слободата на печатот е столб на демократијата [29.07.2010]
• Во „Димитрија Чуповски“ не знаат да објаснат како прават анализи [15.07.2010]
• Став на А1 Телевизија [14.07.2010]
• Сигналот на БУМ ТВ е достапен за 92 проценти од населението [14.07.2010]
• Топ 5 наводни државни непријатели [09.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  7. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk