Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонски бизнисмен го претепал својот грчки ортак

Владимир Тевчев Коментари (19)   
29.07.2010 15:57
Василис Карадоламис
 

Грчкиот бизнисмен Василис Карадоламис утрово е претепан пред капијата на неговата фабрика во Велес. Тврди дека го нападнал неговиот ортак Сотир Ампов, со кого по половина ги имаат објектите на поранешната фабрика „Нокатекс“.

Кога утрото Карадоламис сакал да влезе во кругот на фабриката, Ампов и неговото обезбедување го спречиле.

„Ми кажаа дека не може да влезеш внатре. Јас ги прашав зашто да не влезам кога фабриката е 50 % моја и 50 твоја и значи имам право да влезам. Тргнав да влезам, двајцата чувари ме фатија и ме држеа, а Сотир Ампов почна да ме удира“, изјави Василис Карадоламис, бизнисмен од Грција.

Карадоламис бил однесен во болница, каде што му се санирани повредите на главата. За цело време, обезбедувањето го чуваше грчкиот бизнисмен, кој веќе 11 години работи во Македонија.

Тврди дека во 99-тата ги купил објектите, од кои подоцна половината му подарил на неговиот ортак Ампов. Обвинува дека тој веќе неколку години се обидува насилно да му го земе и останатиот дел. Пред неколку месеци во Гевгелија братот на Ампов го истепал, а за тој случај се водел и судски спор.

„Сака да си одам од Македонија, за да ми ги земе моите 50 % и да дојде на мое место Михаил Ампов, брат на Сотир Ампов. Јас не сакам да си одам од Македонија, сакам да работам тука, имам многу заработено, сега како мислат да ме избркаат со сила, не ги разбирам јас“, изјави Василис Карадоламис, бизнисмен од Грција.

Сотир Ампов не сакаше да даде изјава пред камера. Во телефонски разговор негира дека учествувал во тепачка и дека некого повредил.

Иако под силен притисок, Карадоламис вели дека не се плаши од браќата Ампови, и ќе остане да работи во својата фирма, дури и по цена повторно да биде тепан. Карадоламис случајот го пријавил во полиција. Оттаму го потврдија инцидентот, а сите учесници биле повикани на разговор.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Се чека ДНК анализата од фетусот пронајден во канализацијата [27.07.2010]
• Пронајден мртов фетус во канализација во Гостивар [26.07.2010]
• Убиена 28-годишна девојка во Кичево [20.07.2010]
• 90-годишен старец е убиен во скопско Кучевиште [20.07.2010]
• Расте бројот на малолетници што вршат кражби во Штип [16.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  7. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk