Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Додека беше во затвор во нивата на Илиевски никнале нови стебла марихуана

Пеце Стефановски Коментари (13)   
29.07.2010 15:29
 
 

Во нивата со компири на млекарот Душко Илиевски и на неговото семејство во Градско поле каде што полицијата откри канабис, за само петнаесет дена повторно израсна ова растение.

Камерата на А1 забележа барем триесетина стебла со одлична вегетација, непосредно до местото каде што полициските инспектори го обезбедуваа крунскиот доказ, докажувајќи дека канабисот е одгледуван, иако и тогаш и сега, под сите плевели нивата е полна со компири.

„Во петнаесет дена, видете колку има израснато канабис. Значи, јас не излегов од притвор да го посадам. Овој канабис во Градско поле сам излегува“, рече Душко Илиевски.

Меѓутоа, и покрај овој неспорен факт, одбраната со вештачење ќе докажува дека станува збор за самоникнат канабис и дека полицијата ги нарушила законските процедури во обезбедувањето докази.

„Исклучиво мал дел на некои од овие растенија и тоа на врвовите од листовите може да се добие некој благ вид на марихуана. Тоа ние не можеме да го утврдиме, тоа конечно треба да го направи една непристрасна установа. Ова докажува дека полицијата врз себе го презеде правото да врши и вештачење, а тоа според Законот за кривична постапка не е допуштено“, вели адвокатот Васко Ѓоргиев.

Но, каква ќе биде судбината на дивиот канабис во битолско?

Значи, треба да се уништи и дивиот канабис во битолско, кој вирее на секаде во Градско поле, па дури и на самата периферија во градот. Денеска, дури и младите социјалдемократи од Битола, апелираа ова растение да биде уништено.

„Сакаме да упатиме апел до невладините и образовните организации, партиските подмладоци и институциите на државата, на еден организиран начин да го исчистиме Градско поле од дивиот коноп, се со цел, да го симболизираме почетокот во справувањето со најголемиот порок на денешницата“, изјави Александар Геновски, потпретседател на младите социјалдемократи на Македонија.

Дека камчињата од мозаикот на овој случај се повеќе создаваат слика дека навистина ќе биде тешко да се срочи обвинителен предлог, говори уште еден факт, дека нема обвинение за поединец и дека тројцата земјоделци се обвинети онака на куп.

Бидејќи кривичната пријава ги товари само тројцата земјоделци Томе, Душко и брат му Цане,сепак, во инкриминираната нива во која што е пронаден канабисот, работеле и мајката Лиле, но и снаите Вера и Нора. Прашање е, зошто против жените не е подигнато обвинение и дали обвинителниот акт ќе мора да го опфати целото семејство, бидејќи досега не нашле да посочат ниту еден поединец за производство и трговија со дрога.

Искусни кривичари прашуваат, како ќе беше изведено обвинение, на пример, ако стануваше збор за убиство?

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• МВР: Илиевски да се извини за лагите [29.07.2010]
• Започнува истрага дали фармерот Илиевски бил малтретиран [28.07.2010]
• Фармерот тврди дека бил малтретиран во притворот [27.07.2010]
• Илиевски: Јас сум жртва на Сведмилк [26.07.2010]
• ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поддржува човек осомничен за производство на дрога [26.07.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk