Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Владата и ЕВН се смирија за да се договорат

Наташа Стојановска Коментари (0)   
28.07.2010 18:58
Владимир Пешевски
 

Австријците од ЕВН ќе ја стават во мирување тужбата што пред арбитражниот суд во Вашингтон ја покренаа против Македонија.

Во меѓувреме спорот што го имаат државната компанија ЕЛЕМ и австриски ЕВН ќе се води на домашен терен во македонските судови.

„Што се однесува до спорот помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН, следното судско рочиште очекуваме да се одржи каде што компаниите ќе побараат од судот, судско спогодување, базирано на вештачење од вешто лице“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

„Свесни сме дека ни се потребни неколку месеци за конечно решавање на сите отворени прашања, но сега сме успешни во градењето меѓусебен доверба и ова ќе биде основата за интензивна работа и преговори кои ни претстојат“, вели Гинтер Офнер, претставник на ЕВН во Македонија.

Во екот на несогласувањата власта ја прогласи ЕВН за пример на лош инвеститор.

„Мислам дека изјавата на премиерот Груевски во голема мера придонесе позитивно да дојде до една ваква разрешница, бидејќи со тој јасен став беше кажано дека владата на РМ цврсто ќе ги брани своите позиции. Со такви позиции влеговме во овие разговори и со такви силни позиции излегуваме од овие разговори. Јас кажав и на пресот, сметам дека ЕВН особено по принципите кои што ги договоривме во изминатиот период е инвеститор каков што и треба на РМ“, додаде Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Спорот на Државните електрани со ЕВН ги наруши односите на Македонија со Австрија. Одекна и до Брисел.

Сериозни повреди при водењето на постапката во основниот суд, констатираше и Апелациониот суд поради што ја поништи првичната одлука на Основниот суд Скопје 2, со која ЕВН требаше да им исплати речиси 200 милиони евра на државните електрани, за ненаплатени побарувања од 95-та до 2004-та година и процесот повторно го врати назад во судот по што следуваше денешното затоплување на односите и на двете компании чиј спор ја крена на нозе енергетската заедница.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Пешевски: Ќе најдеме разрешница за сите отворени прашања со ЕВН [28.07.2010]
• Мариово ќе ја спасува Македонија од енергетската криза [16.05.2010]
• Сметките за струја од 1 мај со нов изглед [29.03.2010]
• Бачев: ЕВН месечно наплаќа 33% за измислена обврска [21.03.2010]
• Пуштени во употреба ревитализирани турбоагрегати [18.02.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk