Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство

Анета Додевска Коментари (3)   
28.07.2010 15:59
 
 

Лични податоци на македонски граѓани се селат во странство. А1 обелоденува дека три банки од земјава што се под странска доминација добиле дозвола од дирекцијата за заштита на лични податоци да пренесуваат информации од Македонија во банки од странски земји. Засега информациите за македонските клиенти се пренесуваат во Грција, Бугарија и Франција.

„Досега во Република Македонија пет банки имаат побарано дозвола за согласност за вршење на пренос на лични податоци во други држави, од три веќе вршат пренос, една банка е во фаза на подготовка на системот за изработување на пренос на личните податоци и една банка чека да склучи договор за пренос на лични податоци со земја што не е членка на Европската Унија“, изјави Јовица Страшевски.

Преносот на податоци од базите во земјава во странските банки го овозможува законот за спречување на перење пари со кој од почетокот на годинава граѓаните се принудени да даваат изјави во банките.

Барањата што ги доставуваат банките на своите клиенти изобилуваат со детали за вашата брачна, имотна, финансиска, политичка состојба и позиција. Иако банкарите внатре пишуваат дека се работи за податоци што се водат како деловна банкарска тајна, сепак останува отворена дилемата дали е можна злоупотреба на овие лични податоци.

За безбедноста на личните податоци во земјава гарантираат самите банки со образложение дека се работи за деловна тајна. Но се отвора дилемата за безбедноста на податоците надвор од Македонија.

„Наша ингеренција е во рамките на државата Република Македонија, оној договор што е вклучен да ги опфати сите безбедносни мерки за тие податоци да бидат заштитени, меѓутоа ние немаме ингеренции како дирекција, ниту било кој орган од државава, надвор од нашата држава како тие лични податоци се чуваат“, додаде Страшевски.

Според експертите, банките може да разменуваат информации поради безбедносни причини, но сепак дел од познавачите сметаат дека нивото на безбедност и гранација треба да биде на највисоко ниво бидејќи се работи за сензитивни податоци што може да бидат злоупотребени.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]
• Банкарската политика зависи од изворите на нивното финансирање [27.07.2010]
• Поголемиот број европски банки се стабилни [24.07.2010]
• Банките ги очекуваат резултатите од „стрес тестот“ [23.07.2010]
• Европските банки на „тест за издржливост“ [22.07.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk