Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Балкан  

„Дејли Телеграф“: Кетрин Ештон има таен план за Босна

МИА Коментари (6)   
28.07.2010 12:08
Кетрин Ештон
 

Вискиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон планира да ја преземе директната контрола врз Босна, со воведување нови овластувања насочени против „тврдокорните“ Срби, кои се противат на босанската држава и ги блокираат политичките реформи, пишува денеска „Дејли телеграф“.

Во текстот под наслов „Ештон направи таен план за управување со Босна“, весникот наведува дека во доверливиот документ, што го завршила неделава, Ештон предлага формирање нова функција на моќен пратеник на Европската унија, што ќе стапи на сцена по есенските избори во Босна.

Негова задача ќе биде да ги истурка уставните реформи во земјата, односно да ги засили федералните институции, главно на штета на Република Српска, пренесува Би Би Си во програмата на српски јазик.

Новиот пратеник ќе го зазеде местото на Високиот претставник на меѓународната заедница и како дел од новата европска дипломатска служба ќе управува уште и со мировните сили и европската полициска мисија во Босна.

За да го скрши отпорот кон уставните реформи, пратеникот ќе има овластувања да издава забрани за патувања во ЕУ и да замрзнува банкарски сметки и други средства за сите лица за кои ќе смета дека ги опструираат реформите, вклучувајќи го и премиерот на РС, Милорад Додик.

Целта е, наведува весникот, ЕУ да ја преземе водечката меѓународна улога во БиХ.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Ејуп Ганиќ нема да биде екстрадиран во Србија [27.07.2010]
• Додик: Може да се случи босанските Срби да го следат примерот на Косово [24.07.2010]
• Во БиХ има 3.000 потенцијални терористи [13.07.2010]
• 15 години од масакрот во Сребреница [11.07.2010]
• Сребреница се подготвува за одбележување на 15-годишнината од масакрот [10.07.2010]

  Најнови вести од Балкан 
• Средба Тадиќ-Ештон за резолуцијата [08.09.2010]
• Хомосексуалците не отстапуваат - Геј парада на 10. октомври [07.09.2010]
• Би-Би-Си: Белград ќе се согласи на компромис [07.09.2010]
• Друцас нов грчки министер за надворешни работи [07.09.2010]
• „Не преговараме за повлекување на нацрт-резолуцијата за Косово“ [06.09.2010]
• Уапсен озлогласениот Лирим Јакупи - Нацист [05.09.2010]
• Исламската заедница на Србија во пресметка со полицијата [04.09.2010]
• Двајца загинати при уривање на спортски авион кај Белград [04.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk