Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти

Анета Додевска Коментари (6)   
27.07.2010 18:20
 
 

Дали сте политичар, каква е вашата имотна и финансиска состојба - дали сте во брак - на овие прашања, преку писмена треба да одговорат граѓаните на банките.

Од почетокот на овој месец банките ги делат овие изјави на сите клиенти - и на оние што отвораат нови сметки и штедни книшки, но и на оние што веќе имаат сметки во банките.

Директори на банкарски групации во земјава за А1 потврдуваат дека од први јули овие изјави се делат на сите клиенти.

На банкарските шалтери имало големи реакции, од граѓаните се бара под морална и кривична одговорност да кажат дали се политичари, функционери, дали некој член од семејството е политичка личност, сестри, браќа, сватови, партнери на деца на функционери.

Податоците за политичката изложеност на клиентите одамна е европска пракса но, концептот сепак е различен. За разлика од нас, таму владите ја создаваат листата на политички изложени личности, а не како кај нас каде базата сега се прави во банкарските досиеја.

Обврската за пријавување на политичка изложеност на клиентите се воведе со законот за спречување на перење пари.

Уште на стартот се отворија дилемите дали со ова решение, банкарските досиеја ќе се претворат во база за политички информации за граѓаните.

И покрај тоа што податоците се сметаат за деловна - банкарска тајна, пристап имаат дирекцијата за спречување на перење пари, дирекцијата за заштита на лични податоци и Народната банка.

Сепак - овие податоци во одредени ситуации се достапни и на други државни и истражни институции.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Банкарската политика зависи од изворите на нивното финансирање [27.07.2010]
• Поголемиот број европски банки се стабилни [24.07.2010]
• Банките ги очекуваат резултатите од „стрес тестот“ [23.07.2010]
• Европските банки на „тест за издржливост“ [22.07.2010]
• За еден ден НБМ собра повеќе од сто милиони евра [21.07.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk