Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Државното земјиште од идната година ќе го продаваат општините

Наташа Стојановска Коментари (0)   
26.07.2010 18:51
Зоран Заев
 

25 милиони евра - толку пари државата и општините инкасирале од продажбата на државното земјиште во последните три години.

Градоначалниците бараат веднаш да го добијат менаџирањето со земјиштето, наместо од идната година. Реагираат и на дискреционите права што си ги остава државата во новиот закон за градежно земјиште.

„Има членови каде што Владата може во било кој дел од фазата на постапката на продажба или на долгорочен закуп на земјиштето, може буквално да интервенира да го земе предметот од општината не кажувајќи зошто“, рече Зоран Заев, Градоначалник на Струмица.

„Пак се прави една голема грешка што менаџирањето кое треба општините да го имаат, а фактички сопственоста на земјиштето треба да биде државата“, вели Бастри Бајрами, Градоначалник на Арачиново.

Градоначалниците бараат сите пари од продажбата на земјиштето да одат во општините.

„До сега одеа 80% во локалните буџети, меѓутоа до сега управувањето, односно продажбата беше преку државата, односно преку министерството за транспорт и врски. Се надевам дека сега ќе биде 100% во корист на општините, тоа е една наша забелешка и како предлог на текстот, мислам и дека ќе оди така“, изјави Горан Петров, Градоначалник на Велес.

Скроен е и законот за легализација на дивоградбите што треба да биде донесен наесен.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• За експертите кризата не е завршена [23.07.2010]
• СДСМ: Владата ги игнорира побараувањата на фирмите [23.07.2010]
• Ударничко темпо на задолжување на владата [22.07.2010]
• Пешевски: Компаниите не ги разбрале измените на законот за јавни набавки [21.07.2010]
• По 10 евра субвенција за корисниците на социјална помош [21.07.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk