Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Со сите методи се крпат дупките во буџетот

Наташа Стојановска Коментари (10)   
25.07.2010 18:37
 
 

Владата очајнички бара пари, вака експертите го коментираат законот со кој на јавните претпријатија им се наложи - 80 проценти од својата добивка да ја префрлаат во буџетот. Професорот, Ванчо Узунов вели - ова е уште една индикација дека во буџетот нема пари и власта се обидува да ги најде на секој можен начин.

За опозицијата ова е скандалозен обид за полнење на буџетските дупки, на ваков начин менаџерите на јавните претпријатија немаат мотивација да прават добивка оти парите ќе ги троши некој друг.

„Тоа е сериозен индикатор дека оваа тешка состојба на полнење на буџетот ќе продолжи, а инаку иако не се работи за некоја голема сума, некаде околу три милиони евра, според податоците што ги изнесоа официјалните институции. Сепак сведоци сме дека владата ги применува буквално сите методи за да прибере што повеќе средства за крпење на буџетските дупки“, изјави Јован Манасиевски, ЛДП.

Јован Манасиевски
 

За власта ова е мерка за штедење во насока на подобрување на приходите. На терен - доцнењето на платите во администрација се објаснува со ребалансот, а не поради тоа што буџетот бил празен. Се крие и долгот на државата кон стопанството, оти не постоел вкупен податок.

„Сите влади до сега во минатото на увид имале т.н. квартални извештаи.

-Тие се класифицирани на долгови постари од 30 дена, од 60, од 90, од 180 дена. Јас немам информација дека оваа влада престанала да прави такви квартални извештаи, меѓутоа ако престанала да ги прави тоа е едно сериозно назадување“, додаде Манасиевски за долговите.

И додека владата тврди дека нема сериозни долгови дел од компаниите чекаат пари за завршени работи, а дел за поврат на ДДВ.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Опозицијата стравува од банкрот, власта се правда со светската криза [15.07.2010]
• СДСМ: Македонија соочена со сериозна буџетска криза [24.06.2010]
• ДПА: Новиот буџетот - дискриминаторски за албанското образование [24.06.2010]
• Рамковски: Стопанството нема сила да го полни буџетот [23.06.2010]
• Нов ребаланс на буџетот [21.06.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk