За експертите кризата не е завршена
23.07.2010 20:45
 | | Никола Груевски | | | |
Јунско потфрлување на буџетот. Државата не успеа да ги собере планираните приходи. Вкупните буџетски приходи во јуни изнесуваат 171 милион евра и во однос на владината проекција се помали за 2,4%. Даночните приходи во однос на планираните се пониски за 1%. Поголемо потфрлување има кај неданочните приливи. „Буџетскиот дефицит во јуни е преполовен на 6,5 милиони евра, и се движи според однапред утврдените проекции со кои до крајот на годината треба да изнесува 2,5% од БДП“, соопштуваат од Министерството за финансии. Од почетокот на годинава до овој последен јунски извештај - секој месец имаше пад на вкупните буџетски приходи. За експертите ова е показател дека кризата не е завршена. Владата тврди дека рецесијата нема да се повтори. „Не очекуваме повторно влегување во рецесија, ќе ги правиме сите понатамошни напори да помогнеме оваа година да биде една од подобрите во овој регион иако повторувам, во Европа има продолжена криза“, изјави Никола Груевски. Првиот квартал од годинава заврши со пад на вкупната економија од 0,9%. Владата беше принудена да направи ребаланс на буџетот поради намалените приливи. За експертската јавност потфрлувањето на владините проекции секој месец, од почетокот на годинава е потврда дека стопанството се уште е во криза, а рецесијата ја демне економијата и годинава.
| 1. | biba од pp на 23.07.2010 во 22:16 напиша: |
| ooo!kako ne e ?pa neli rekoja zavrsi. |
| |
|