Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

СДСМ: Владата ги игнорира побараувањата на фирмите

Мишко Иванов Коментари (3)   
23.07.2010 20:36
Игор Ивановски
 

Премиерот Груевски и министерот за финансии Ставревски да престанат да лажат, тврдејќи дека државата на се соочува со должничка криза спрема компаниите, побараа денеска социјалдемократите.

Презентираа допис од компанија вклучена во проектот „Компјутер за секое дете“, а која година и пол не може да си наплати повеќе од милион евра побарувања од државата.

„Иако во обид да ги подмири побарувањата фирмата се обратила до Министерството за образование до Министерството за информатичко општество и до потпретседателот на владата Пешевски таа не била удостоена со никаков одговор“, изјави Игор Ивановски, СДСМ.

СДСМ преку анонимни документи со сомнителна релевантност, се обидува да ја замајува јавноста, возвратија од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

„СДСМ најпрвин тврдеше дека Владата на стопанството му должи 600 милиони евра, а веднаш потоа самите се демантираа. Колку и да се обидуваaт преку груби, измислени и нерелевантни примери да ја девалвира работата на Владата, останува фактот дека токму оваа Влада ги отплати долговите што владите на СДСМ ги направија“,.

Во меѓувреме се уште останува енигма за тоа колкави се вкупните долгови што државата ги има кон приватниот сектор.

Според информациите на А1, долгот на државата кон фирмите само по основ на поврат на ДДВ изнесува 67 милиони евра.

Но, точен податок за вкупните побарувања на компаниите од државата, надлежните не соопштуваат, правдајќи се со аргументот дека состојбата секојдневно се менува.

Експертската јавност пак тврди дека е невозможно власта да не знае колкави им се долговите, но претпоставуваат дека тие достигнуваат и до 600 милиони евра.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Ударничко темпо на задолжување на владата [22.07.2010]
• Пешевски: Компаниите не ги разбрале измените на законот за јавни набавки [21.07.2010]
• По 10 евра субвенција за корисниците на социјална помош [21.07.2010]
• Експертите на мета на владеачката партија [19.07.2010]
• Хајредини: Разликата меѓу мене и Груевски е тоа што на мајка ми не и купив 4 стана [18.07.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk