Банките ги очекуваат резултатите од „стрес тестот“
23.07.2010 10:55
 | | Архива | | | |
Европскиот банкарски систем денеска ги очекува резултатите од таканаречениот „стрес тест“ кој треба да ја утврди подготвеноста на 91 банкарска институција на континентот да се справат со кризни ситуации. Во ЕУ се надеваат дека евентуалните позитивни резултати од „стрес- тестот“ ќе ја подигнат довербата на инвеститорите и финансиските пазари во стабилноста на банките, што позитивно ќе влијае и на курсот на еврото кој е во постојан пад. Според неофицијални информации, како што јави Дојче веле на македонски јазик, најголемиот дел од банките успешно ќе го минат тестот. Во Германија на испитувањето беа подложени 14 институции, меѓу нив и најголемите Дојче Банк и Комерцбанк, како и поголемите покраински банки. Аналитичарите очекуваат единствено „Хипо“ банката за недвижности да не го мине тестот.
|