Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Ударничко темпо на задолжување на владата

Мишко Иванов Коментари (14)   
22.07.2010 16:20
Јован Манасиевски, ЛДП
 

Ударничко темпо на задолжување на власта. За само една година Македонија се задолжила со неверојатни 430 милиони евра, тврди опозицијата, реагирајќи на последната владина одлука, земјата да повлече 70 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд, пари кои следуваат од специјалните права на влечење од квотата на фондот.

„На Владата што вели нашиот народ и чади од сите страни, многу дупки има да се затворат. За само една година десет кредити имаме земено, една еврообврзница од 175 милиони евра и овие 85 милиони долари од ММФ“, изјави Јован Манасиевски, ЛДП.

Со новото задолжување ќе се регулира минусот на буџетската сметка, објаснува Владата.

„Ќе бидат овие средства искористени за буџетот на РМ, ќе биде финансиран дефицитот“, вели Недим Рамизи, заменик министер за финансии.

Недим Рамизи, заменик министер за финансии
 

Долговите на државата се трупаат, собирањето пари во државната каса оди слабо, велат опозиционерите.

„Кажете ни за што ќе се трошат овие пари конкретно, колку долг ќе вратите, колку ќе го потрошите другиот дел за плати и други непродуктивни расходи и дали од овие средства ќе користите и да отплатите дел од долгот што го имате кон компаниите“, вели Марјанчо Николов, СДСМ.

„Не би се впуштал сега во расправа дали ќе се финансираат вработувања, дали ќе се финансираат други непродуктивни активности, сепак тоа е политика на самата влада, за што ќе ги троши тие средства“, вели Недим Рамизи, заменик министер за финансии.

И покрај сите апели на домашната експертска јавност земјата што поскоро да склучи аранжман со ММФ, власта не размислува за такво нешто. Собраниската Комисија за финансирање и буџет пак денеска го одобри Предлог законот со кој земјата ќе повлече 70 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Пешевски: Компаниите не ги разбрале измените на законот за јавни набавки [21.07.2010]
• По 10 евра субвенција за корисниците на социјална помош [21.07.2010]
• Експертите на мета на владеачката партија [19.07.2010]
• Хајредини: Разликата меѓу мене и Груевски е тоа што на мајка ми не и купив 4 стана [18.07.2010]
• ЛДП: Партиите да работат за да подобра економија [18.07.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk