Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Коњановски одби да одговори за проневерите во РЕК Битола

Наташа Стојановска Коментари (3)   
22.07.2010 15:51
Зоран Коњановски
 

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски одби да одговори - дали знаел за криминалот во РЕК Битола, што се случувал токму кога беше директор на централата и кога 12 раководители, на кои Коњановски им бил претпоставен направиле криминал тежок 7 милиони евра.

Одбегнувајќи го одговорот - претходно Коњановски се повикуваше на институциите - тие да утврделе дали имало криминал во РЕК Битола.

„Доколку има 12-ет осомничени за одредени дејствија во РЕК Битола да оставиме на институциите, на системот да покажат дали е тоа така или не е така. Ние никогаш нема да правиме дали имало криминал или немало криминал“, изјави Зоран Коњановски.

Опозициската СДСМ и натаму тврди дека зад овој скандал се крие внатрепартиска пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, а не станува збор за борба со корупцијата.

„Дали е можно како генерален директор да не знаел за тие 7 милиони евра. Како е можно да се одреди притвор за див коноп, за семејството Илиевски, а за криминал тежок 7 милиони евра да нема таква мерка“, вели Андреј Петров.

Јавното обвинителство не побара апсење на осомничените туку кривичната постапка реши да оди во редовна процедура, без тие да бидат приведени.

Во кривичните пријави - 12 директори во РЕК Битола се сомничат дека во 2008-ма година потпишале нереални фактури, оштетувајќи ја централата за 7 милиони евра.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• СДСМ: Криминалот во РЕК Битола е внатрепартиска пресметка [17.07.2010]
• 12 кривични пријави во РЕК Битола [13.07.2010]
• СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за 600 партиски вработувања во РЕК Битола [11.06.2010]
• Во РЕК „Битола“ ќе се експлоатацираат подинските јагленови серии [28.05.2010]
• Рударската асоцијација бара фиксна цена за концесиите [25.05.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk