ММФ одобри помош за Косово во износ од 109 милиони евра
22.07.2010 12:01
Бордот на директори на ММФ одобри помош за Косово во износ од 108,9 милиони евра, што беше најавена уште во мај, се наведува во синоќа лиферуваното соопштение на оваа финансиска институција од Вашингтон. Косово веднаш ќе може да повлече 22,1 милиони евра од ММФ, а остатокот постепено ќе го повлекува во зависност од примената на мерките за стабилизација на јавните финансии. Косово прогласи независност во февруари 2008 година, досега е признаено од 69 земји во светот, а во јуни 2009 година им пристапи на ММФ и Светската банка. Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе го соопшти своето советодавно мислење за легалноста на прогласената независност на Косово.
|