Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Селото Штавица заборавено во времето

Наташа Стојановска Коментари (9)   
14.03.2010 18:26
 
 

Добре дојдовте во мал Холивуд - оваа табла стои на влез во селото Штавица. Куќи со камења, во распаѓање - изградени пред 80 години.

Од што живеете вие?

„Од земјоделие и сточарство. Малку и тутун садам“, вели жител на Штавица.

Живот далеку од холивудскиот. Сите живеат од социјална помош и чување овци. Вработени нема.

„Со стокава некако се мачиме, живееме. Сега дојде времето за продавање на јагнињава. Тоа е“, вели овчар.

 
 

За да се прехранат, во одгледувањето на добитокот ангажирани се сите.

„Стануваме, одиме стоката да ја храниме, и цел ден се занимаваме со тоа“.

Кој се грижи за децата?

„Децата си играат сами, низ дворот, дома. Како и да е важно си играат сами. Ние децата не ги пазиме, си одиме по работата“, рече жителка на Штавица.

Нема игралишта, детските игри се качување по карпи.

Водоводот е изграден, но, не работи. Водата се носи од чешма.

 
 

„Па секако дека е мачно. Секој ден одам по 500 метри за да полнам вода“, изјави жител на Штавица.

Каллив е и патот по кој се движат селаните.

Последен пат камерите тука го снимале филмот „Прашина“. Сега камерите се повторно тука - но во домот на Кулевски, каде изгоре едногодишното девојче. Имаат една соба, а тука ја чуваат и храната за добитокот.

„Барам помош, да ми се даде нешто. Еве гледате немам ништо дома“, рече Гоце Кулески.

Со сиромаштијата се соочува селото, но велат холивудски живот не очекуваме, но бараме основни услови за живот.

 
 

Сиромаштијата во Македонија е како онаа во неразвиените земји

„Во Македонија веќе, проблемот на сиромаштијата е сериозно присутен и тој проблем ги има сите оние карактеристики коишто воопшто ги има сиромаштијата, меѓутоа со тоа што кај нас тоа повеќе наликува на онаа сиромаштија која што е во неразвиените земји, отколку во оној свет којшто ние го нарекуваме високо развиен. Тоа е ЕУ, Америка итн. Меѓутоа во секој случај, мислам дека веќе проблемот на сиромаштијата во Македонија е алармантен. Јасно укажува каков е тој стил на живот на тие луѓе.

- Значи тоа е покуќнина која што е несигурна, покуќнина која дошла од некаде од некој отпад, затоа лесно им се палат и куќите, затоа се случи она со девојчето, која што таа жена мораше да го врзе за шпоретот, затоа што нема едноставно кој тука да помогне. Нема комуникација меѓу нив и исто така тоа е стар шпорет кој видовте каква трагедија направи. Значи покуќнина која што веќе не може да понуди еден квалитет на живеење“, изјави Ѓорги Тоновски, професор на ФОН“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Експертите против одземање на родителските права [13.03.2010]
• Мицеви добија среќната вест, остануваат во станот [12.03.2010]
• Мицеви остануваат во станот во Аеродром [11.03.2010]
• Брачен пар се обиде да се самоубие [10.03.2010]
• Револт и болка кај родителите на удавеното дете [25.02.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk