Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Патот Маврово - Дебар прооден

Зоран Јованоски Коментари (0)   
14.03.2010 18:21
 
 

Се топи снегот на планината Бистра. Вода блика од секоја страна, што може да биде причина за нови лизгања на земјиштето. Водата извира од местата каде што се случија одроните. Излегува и од напукнатите потпорни ѕидови на патот Маврово - Дебар.

Маса од земја и снег се спуштила и во коритото на реката Радика, но за среќа не го блокирала нејзиниот тек.

Последната лавина која се случи пред три дена е расчистена. Сепак, опасноста останува.

„Воглавно се одржува постојано. Екипите на Македонија пат се постојано тука и координирани сме. Сега е добро“изјави Мукрем Мехмеди, градоначалник на општина Маврово - Ростуше.

Министерот Миле Јанакиевски денеска рече дека се чувствува безбедно на местото каде што се случи најголемиот одрон, долг околу половина километар. Најави поставување заштита од лизгање на земјиштето, на почетокот на мај.

„Експерти од Градежен факултет да направат увид и доколку се работи за активно свлечиште, тогаш владата на Република Македонија ќе интервенира и ќе направиме потпорни ѕидови, со цел во иднина да не се случуваат вакви појави“, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.

Само во изминативе триесетина дена, на оваа магистрала се случија повеќе од десет поголеми одрони.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Нов одрон го блокира патот Струмица-Берово [12.03.2010]
• Нови одрони на патот Маврово-Дебар [11.03.2010]
• Снег, дожд и ветер до 90 километри на час [10.03.2010]
• Снегот го парализираше целиот сообраќај [08.03.2010]
• Одрон се заканува на патот кај Сопиште [05.03.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk