Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Неготино остана без локални медиуми

Владимир Тевчев Коментари (3)   
14.03.2010 16:43
Зоран Димовски
 

Без локални медиуми остана Неготино откако пред шест дена на пунктот Ловиште-патрик се исклучени предавателите на двете единствени неготински радија - Микс и Енерџи.

Налог за тоа дал Горан Гаврилов, газда на радио Канал 77, кој воедно е сопственик на пунктот на Серта, од каде ловиштето се напојува со електрична енергија.

Иако имале уредни дозволи од Агенцијата за телекомуникации двете радија краделе струја, велат од Канал 77.

„Прво и основно немаат согласност да користат струја од нашиот далековод. Ниту не прашале, ниту не консултирале, значи ние имаме инвестирано и не сме хуманитарна организација. Ние сме трговско друштво и мора сето тоа да биде рентабилно“, изјави Зоран Димовски, технички раководител во Канал 77.

За сопствениците на Микс и Енерџи, сумата за кирија која им ја предложиле од Канал 77 е неприфатлива.

„Како што тие ни кажаа, едноставни ние мора да се исселиме од таму. Да не кажам сега и да не одиме со такви заострувања, да ја заоструваме работата, ајде да речам дека се работи за класична уцена.

- Затоа што ако, како што ми беше кажано од Серта, или ние ќе мораме да се исселиме, или Горан ќе ги исклучи Ловиште-Патрик“, вели Јулија Манева, сопственичка на радио Микс - Неготино.

Манева 15 години имала одлична соработка со Гаврилов, „не сакаме да веруваме дека тој сега не смета за конкуренција, па, ни задава ниски удари“, вели таа.

„Ако имало некаков проблем, ние сме четири години сместени таму, зошто до сега не реагираа“, рече Манева.

„Неколку пати ние имаме укажувано дека сето тоа не е легално и дека треба да си најдат начин, модус, како сето тоа да го направат да биде легално“, изјави Димовски.

Газдите на неготинските радија, бараат Агенцијата за телекомуникации да посредува во решавањето на спорот.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Власта да престане со притисоци врз новинарите [03.02.2010]
• „Раноден“ по третпат доби награда од МИМ [28.01.2010]
• „Репортер“ - нова телеграфска агенција [21.01.2010]
• Се заострува говорот на омраза во Македонија [25.12.2009]
• Стоиљковиќ: Да не се коментира српскиот еп „Девет Југовиќи“ [23.12.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk