Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Жртвите на транзицијата добија споменик

Наим Вренези Коментари (13)   
14.03.2010 16:11
 
 

Жртвите на транзицијата си добија споменик. Групата граѓани која секојдневно протестираат против Бранко Црвенковски, отвори импровизиран парк со натписи кои го критикуваат времето кога на власт беше СДСМ.

Велат дека се само-организирани и дека ниту една партија не стои зад нив.

„Паркот е достапен за сите граѓани, минувачи и добронамерни луѓе, кој ќе можат да видат експонати од транзицијата, да се потсетат на аферите, криминалот и корупцијата направена во транзицијата на Бранко Црвенковски. Овој парк сведочи за времето кога Бранко Црвенковски ги затвори сите поголеми фабрики во државата. Паркот на жртвите на Бранко Црвенковски е паметник на маките и страдањата на жртвите на транзицијата, на упропастените човечки судбини“, изјави Славица Младеновска, учесник во протестот.

„Нас никој не не манипулира, ниту една политичка партија, нас Господ не води за правдата да ја кажеме пред македонскиот народ“, вели Новко Стојанов, учесник во протестот.

Продолжија и реакциите на двете најголеми партии. СДСМ со порака до Груевски, да престане да ги малтретира граѓаните, да се фати за работа и да ги реши проблемите со кои се соочува државата. ВМРО, граѓаните не забораваат и отфрлуваат било каква вмешаност со протестот.

Гордан Георгиев
 

„Г-дине Груевски, крајно несериозно е да се криете и да ги малтретирате сопствените партиски војници во обид вината за катастрофалната состојба во државата да ја барате во опозицијата. Па зар некој ќе ви поверува дека, кога ги имате сите инструменти на власт во вашите раце, дека токму опозицијата е виновна за грешките што ги правите. Навистина е лицемерно, на овој начин, да го спуштате нивото на политичка комуникација“, рече Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

„Граѓаните доволно добро го паметат лошото владеење на СДСМ и Бранко Црвенковски, затворањето на фабриките и отпуштањето на работници кои се случија во тој период. Бранко Црвенковски и СДСМ денес се обидуваат да манипулираат со граѓаните кои настрадаа од нивното владеење“ кажа Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е четвртиот ден на протести на граѓани кои себеси се нарекуваат жртви на транзицијата. Првите два дена протестираа пред седиштето на СДСМ, вчера одржаа панихида за жртвите на транзицијата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бошкоски бара предвремени избори [13.03.2010]
• Препукувања ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ [13.03.2010]
• Груевски за политичката некултура ја обвинува опозицијата [13.03.2010]
• Петковски обвинува за полициски и политички притисок [08.03.2010]
• Жените на СДСМ на протестен марш [07.03.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk