Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Ангелов: Владата со закани врз Достоинство

Предраг Петровиќ Коментари (5)   
14.03.2010 16:01
 
 

Притисоци и закани да не се одржи собирот на бранителите. Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, ја обвини Владата дека се обидела да ги спречи бранителите да дојдат на генералното собрание во Универзалната сала.

Некои биле повикани на работа, а кон некои имало закани.

„Имаат закани доколку дојдат денес овде во Универзалната сала, ќе бидете прераспоредени на други места или ќе бидат избркани во други градови“, изјави Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“.

Ангелов повторно негираше дека има раздор во „Достоинство“. Смета дека е смислено сценарио кое нема да пројде. Ги отфрли и тврдењата дека „Достоинство“ планира да премине во „Обединети за Македонија“.

„Досега ниту станало збор, доколку г-динот Љубе Бошкоски сака да премине во здружението „Достоинство“, односно сака да дојде во здружението „Достоинств“ ние ќе го прифатиме, тој како бранител број еден во 2001. година, може да биде член на нашето здружение секогаш, не и ние како здружение во неговата партија“, додаде Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“.

 
 

На генералното собрание во Универзалната сала се појавија повеќе претставници на политички партии. Дојде и Љубе Бошкоски. Рече дека се појавил како член и прв бранител.

„Достоинство е невладина организација, „Достоинство“ им припаѓа на сите граѓани на Македонија, тука има бранители од разни политички провиниенции и се друго е во рамките на шпекулациите“, рече Љубе Бошкоски, претседател на „Обединети за Македонија“.

Ангелов потсети дека освен што се повлечени тужбите против семејствата на загинатите и инвалидите, ништо други не е направено. На собранието се договараа начините како да се издејствува законот за бранителите од кој според Ангелов нема да се откажат.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Ангелов: Нема делби во „Достоинство“ [13.03.2010]
• Бајрами за А1: Има договор Ахмети-Груевски за пензиите на ОНА [25.11.2009]
• Парите во буџетот не се за припадниците на ОНА [23.11.2009]
• Ќе добијат ли пензии борците на ОНА? [07.11.2009]
• Селмани: Еднакви права на борците на ОНА со бранителите [01.11.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk