Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Кејот на Охрид под вода

Мишко Иванов Коментари (3)   
12.03.2010 16:39
 
 

Два земјотреси пред еден час се почувствувано во Охрид. Епицентарот е 6 километри северно од градот.

Станува збор за земјотреси со послаб интезитет, но кои можат дополнително да ја усложнат состојбата со езерото.

Нивото на Охридското езеро денеска е искачено за еден сантиметар и изнесува 26 сантиметри над максимално утврдената квота.

Непријатност е тоа што почна да дува силен ветер па предизвика големи бранови на Охридското езеро и е невозможно да шетате по кејот на Охридското езеро.

Слична е ситуацијата и со Струга односно со реката Црн Дрим, излевање забележано е и таму особено во фабриката „ЕМО Охрид“. Погонот кој што се наоѓа во Струга не работи затоа што е исклучено од струја, затоа што може да предизвика уште поголема катастрофа. Таму се е под вода.

- Што се случува гледате и самите. Поплави. Вода има до тука и назад.

Затоа не работи погонот?

- Да.

Има внатре струја, кабли?

- Има се и се е поплавено.

И што треба да се направи, гледам дека не помагаат ниту насипите со вреќи полни со песок?

- Да, ставивме и вреќи и се живо, ама џабе. Доста вода има и не можеме да го спасиме никако.

Поради неисчистениот канал и она што би се рекло буквално нивелирање на реката Црн Дрим со тие неисчистени канали прават проблем и на куќите кои што се во првиот ред.

Поплавени се дворовите и поплавени се приземните делови на куќите. Бродовите кои што беа поставени на пристаништето, сопствениците ги пренасочија, односно ги преместија во каналот Студенчишта.

Реакција од министерство за транспорт: А1 сее страв и паника

Министерството за транспорт и врски реагира на извештаите на А1 од теренот. Тврдат дека А1 сее страв и паника преку дезинформации.

Ја информираме јавноста дека водостојот на Охридско езеро бележи стагнација и во однос на вчерашниот ден нема промени во нивото. Ветерот кој моментално се јавува на подрачјето на Охрид, според информациите од управата за хидрометеоролошки работи претставува слаб до умерен ветер со брзина од 4 м/с од југозападен правец.

Водотеците во западните делови, пред се во сливот на реката Црн Дрим и во охридско - преспанскиот регион се уште имаат тренд на опаѓање на водостојот.

Според информациите од теренот, состојбата на целата територија на земјата е стабилна, се вели во соопштението. На подрачјето на Охрид и Струга е забележана појава на подземни води што се вообичаени за овој терен во овој период од годината. Сметаа во министерството.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Посетата на Петрески голема и недозволива грешка [11.03.2010]
• Македонија зафатена од циклонска активност [10.03.2010]
• Станува ли ситуацијата во Охрид и Струга драматична? [05.03.2010]
• Вештачењето од „Илинден“ пристигна во Охрид [04.03.2010]
• Охридското мирува, но паника има кај охриѓани [03.03.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk