Нови методи во кршењето на човековите права
12.03.2010 11:12
 | | Стејт департмент | | | |
Новите времиња носат нови методи во кршењето на човековите права. САД во годишниот извештај ги критикуваа старите земји за нови влошувања на состојбите. „Човечките права се безвременски, но напорите за да ги заштитиме мора да бидат овде и сега“, изјави Хилари Клинтон, државен секретар на САД. Интернетот се претвора во мерка за владина цензура на слободата на говорот, во што традиционално предничат Кина, Иран и Авганистан. Граѓаните на двете земји се мета на медиумска цензура, верски и етнички прогони, политичка репресија и изборни блокади. „Во Кина ситуацијата со човечките права останува лоша и понатаму се влошува во некои области. И до сега сиромашните човекови права во Иран нагло се влошуваат по јунските избори“, рече Мајкл Познер, заменик државен секретар за човекови права. Кина ги отфрли тврдењата на Стејт департментот. „САД пак се поставуваат како светски судија. Така го прикриваат кршењето на правата на сопствената територија“, обвини кинеската влада.  | | Хилари Клинтон | | | |
Северна Кореја останува тоталитаристичка диктатура, во Шри Ланка се кршат правата на Тамилските тигри, Куба ги лишува граѓаните од основните човекови права, а во Русија драматично е во Северен Кавказ. На американскиот тапет се најде и Швајцарија поради забраната за изградба на минариња. „Расте загриженоста поради дискриминацијата против Муслиманите во Европа“, се вели во извештајот на Стејт департментот. Во Македонија човековите права се почитуваат, но на земјава и се забележува за преполните затвори, застојот во судските реформи, владиното мешање во верски прашања и меѓуетничката напнатост. Загрижувачка е ситуацијата со слободата на собирање, а се дискриминираат Ромите и хендикепираните. Земјите од регионов главно добија позитивна оценка. Најголеми проблеми се верската, етничката и половата дискриминација, притисоците врз новинарите и сите критичари на власта, корупцијата во судството. Стејт департментот е загрижен поради трговијата со луѓе на Косово.
|