Арбитражниот договор со Хрватска пред Уставен во Словенија
11.03.2010 08:26
Уставниот суд на Словенија денеска треба да почне со подготовка на мислење во врска со арбитражниот договор меѓу Љубљана и Загреб, за границата меѓу двете држави. Според словенечките гласила мислењето на Уставниот суд, кое го побара владата на премиерот Борут Пахор, би требало да биде објавено во текот на овој месец. Словенија и Хрватска лани во ноември го потпишаа арбитражниот договор, за утврдување на границата меѓу двете држави, со кој Љубљана ја прекина блокадата на претпристапните преговори на Загреб со Европската унија. Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|