Зелено светло за уставните измени
11.03.2010 16:18
Лидерската средба што ја свика премиерот Никола Груевски, траеше релативно кратко. На неа беа поканети лидерите на 4-те релевантни политички партии што значи таму освен него таму беше и Али Ахмети од ДУИ, Бранко Црвенковски од СДСМ и Имер Селмани од Нова Демократија. Темата беше една, а тоа е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени во делот на работата на судскиот совет. Иницијативата за ова како што образложи Груевски, зајакнување на независноста на судството затоа што подолго време укажува меѓународната заедница, но не пропушти да каже дека тоа е стара иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ уште во времето кога таа беше во опозиција во 2005 година. На Бранко Црвенковски било побарано писмено да се гарантира дека ќе се остане на оваа иницијатива, дека таа ќе се однесува во доменот на судскиот совет. „Идејата е да се зголеми бројот на судии, односно судии избрани од судии на тајно гласање, на сметка на оние коишто ги предлага Парламентот или ги предлага претседателот на државата. Втората работа беше да има отсуство на министерот за правда, значи да не е член на Судскиот совет и третата работа што ја понудивме е евентуално да се размисли за скратување на мандатот на Судскиот совет“, изјави премиерот Груевски. „Доколку се бара пошироко поддршка и консензус за измени на Уставот, макар и во делот на Судскиот совет, она што беше претходно соопштено во јавноста, е во најмала рака одговорно измените да се стават на лист хартија и да ни бидат презентирани, бидејќи на денешната средба слушнавме само едно кратко, воведно усмено објаснување од страна на премиерот, во општи назнаки и без конкретни решенија коишто се предлагаат за измени на Уставот“, вели Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ. Имер Селмани од Нова Демократија изјави дека неговата партија ќе поддржи секаква иницијатива што би значела зајакнување на независноста на судството, но тој имаше свои забелешки што и претходно ги има соопштено на јавноста, а се однесуваат во делот на работата на Уставниот суд. Јас потенцирав дека имаме уште еден суд, а тоа е, се разбира, Уставниот суд којшто 97-ма година, по принцип на мајоризација, го укина, односно укина дел од членовите на законот за употреба на знамињата, односно симболите на етничките заедници и се разбира дека тоа беше причина за оставки на двајцата судии, на Бајрам Положани и Махмуд Јусуфи, како членови Албанци во Уставниот суд да поднесат оставки, заради принципот на мајоризација“, рече Имер Селмани, претседател на Нова Демократија. Прв од средбата излезе Ахмети, но не даде изјава за медиумите само кратко спомна дека е договорено да се одржи уште една лидерска средба на која ќе бидат разгледани сите овие предлози што денеска паднаа на маса.
| 1. | Sande од Kicevo на 11.03.2010 во 15:40 напиша: |
| Sednaa na masa da se dogovorat DPMNE i SDSM kako da go partizirat sudot.20 godini se dogovaaraat da ja unistat Makedonija, pri toa ignogirajki gi vistinskite problemi.koga ke mu tekne na ooj narod da im kaze DOSTA E!!! |
| |
|