Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Државни институции тонат во долгови

Анета Додевска Коментари (10)   
10.03.2010 16:31
Мирче Чекреџи
 

Предупредувања за неплатени сметки за телефон, интернет, парно греење, струја деновиве стасале на адреса на голем број државни институции, јавно обвинителство, училишта, факултети, културни институции, музеи.

Претплатникот не е достапен слушате кога телефонски се обидувате да добиете некоја државна институција, телефоните исклучени поради неплатени сметки. Од буџетот пари чекаат и градежни компании, се споменуваат и дел од фирмите што работата на плоштадот но и групации што веќе завршиле градежни работи добиени на тендер.

Долгови има и кон фирми од преработувачката индустрија, долгови има и кон водечките градежни групации ангажирани на државни тендери. Не им е целосно платено она што веќе го завршиле и фирми од прехранбената индустрија.

Топлификација токму поради неплатени сметки го секна парното во некои училишта. Бизнисмените лоцираа три сектори каде што државата најмногу должи:

- градежништво - прехранбена индустрија - фармацевтска индустрија.

Државата е најголемиот нарачател во стопанството и навреме да си ги подмири обврските, велат од Сојузот на комори.

„Тука треба да се воведе дисциплина, буџетските организации навремено, брзо и ефикасно да му плаќаат на приватниот сектор“, изјави Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Бранко Азевски
 

Но и кај нив нема пресметка на која фирма и колку државата должи. Вчера, Стопанската комора обелодени бројки за нашите побарувања има, но фирмите се плашат од реваншизам.

„Не сакаат јавно да ги декларираат своите побарувања од страна на државата. Кога ги прашуваме зошто се плашат од одредени мерки кои што веќе се случуваат во реалноста да бидат исклучувани од одредени тендерски постапки, да имаат проблем со инспекциски служби итн“, изјави вчера Азевски.

Токму едно од барањатa на стопанството е навременета отплата на долговите кон приватниот сектор, особено сега во време на криза кога фирмите се соочуваат со проблеми во ликвидноста. Се шпекулира со долгови тешки неколку десетици милиони евра. Владата не зборува за долговите, но се најави можност да се утврди план за враќање на некој од следните владини седници.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Долговите кон приватниот сектор се трупаат на сите нивоа [09.03.2010]
• Државата да си ги подмири долговите кон фирмите [09.03.2010]
• Нови проекции за македонската економија [08.03.2010]
• Измени на законот за воздухопловство [07.03.2010]
• Експертите сметаат - мерките на Владата се пасивни [07.03.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk