Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Брачен пар се обиде да се самоубие

Сеад Ризвановиќ Коментари (78)   
10.03.2010 16:20
 
 

Екипите на јавното претпријатие за станбен и деловен простор го иселија семејството Мицеви од неговиот дом. Тогаш сопружниците во целиот очај се обидоа да си го одземат животот.

Ќе се убиеме ако не иселите од нашиот дом, соочени со решените за иселување од јавното претпријатие за станбен и деловен простор, семејството Мицеви во очај сакаа да се убијат кога работниците влегоа во нивниот двор.

„Ќе направам беља луѓе, ќе се запалам, жими се најмило. Бегај! Бегај од мене! Знаеш ли што ми направи? Тргни се!“, викаше Трајан Мицев.

Не помогнаа ниту убедувањата на семејството ниту на соседите.

„Со мало дете го селите човекот, сред зима! Со мало дете. Нема човечност“, рече комшијата на Мицеви.

Но драмата не заврши со носењето на Трајан, во безизлезна ситуација и Лора Мицева го сврти ножот кон себе.

„Неможам да издржам повеќе, неможам!“, збореше во плач Лора.

Семејството Мицеви пред десет месеци доби налог за иселување кога нивниот стан Владата го додели на друг човек, оттогаш јавното претпријатие се обидува да ги исели Мицеви. Правните експерти неколкупати предупредија дека иселувањето на семејството е спротивно на законот за домување, тие живеат тука 15 години и затоа треба валидна судска одлука.

 
 

Од јавното претпријатие се правдаат дека тие не знаеле за станот бидејќи бил воен и имале право за насилно иселување, но од јавното претпријатие немаа доблест да кажат зошто 15 години немале евиденција за станот, и зошто сред зима, на сила иселуваат тричлено семејство со девојче од 11 години директно на улица.

Семејството Мицеви, Трајан, Лора и нивната ќеркичка Ана Марија се сеуште истрауматизирани од денешните настани.

Трајан, можете ли да ни кажете каде ќе спиете вечер?

„Па, јас пред малку се вратив од полициска станица, само знам дека не ги извадија стварите. Ние се враќаме дома и вечерва ќе останеме тука, а што ќе биде понатаму, незнам.

Значи стварите ви останаа од станот?

-Да, во станот се, не извадија ништо, се враќаме назад, вечерва сме тука.

Значи вечер имате каде да спиете?

-Да, вечерва имаме каде да спиеме, а што ќе биде понатаму, незнам.

Што ќе правите утре, доколку пак ве иселат утре, доколку ги изнесат стварите, каде ќе одите, каде ќе спиете?

-Немам каде, немам каде да одам. Оваа тортура трае веќе десет месеци. Непостои институција каде што се немам обратено, имам поднесено барање и до Влада на Република Македонија за да го добијам станот според најновиот закон за домување што е излезен. До министерството за транспорт и врски, до јавното претпријатие за стопанисување, од никаде немам никаков одговор“, рече Трајан Мицев.

Повеќе од разговорот со семејството Мицеви можете да погледнете во видеото.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Револт и болка кај родителите на удавеното дете [25.02.2010]
• Се удави дете во надојдената река во Прилеп [24.02.2010]
• Проблемите на стечајците се селат пред владата? [15.02.2010]
• Граѓаните на Горно Оризари побараа канализација [15.02.2010]
• Мистериозна смрт на неродено бебе [12.02.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk