Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Балкан  

Земјотрес почувствуван во Македонија

Зоран Јованоски Коментари (5)   
10.03.2010 15:04
 
 

И жителите на северниот дел од Македонија попладнево почувствуваа благ потрес по земјотресот кој со јачина од 4,5 до 4,7 степени според Рихтер се случи попладнево во Косово, во Зубин Поток, поточно во местото викано Исток, на 43 километри западно од Приштина.

Станува збор за потрес од помали размери кој не предизвикал штета и истиот на ниеден начин не е поврзан со македонското епицентрално подрачје.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија на Македонија земјотресот се случил во 14 часот и 38 минути.

Еве што е регистрирано од Сеизмолошката опсерваторија на Македонија.

„Земјотресот беше почувствуван од населението во Скопје со интензитет од 4 до 5 степени според европската Макросеизмичка скала, во Тетово 4 степени, а во Гостивар и Куманово 3 степени. Јачината на овој земјотрес изнесуваше 4,8 степени според рихтеровата скала“, изјавија од сеизмолошката опсерваторија.

За потресот пренесува и Европско - медитеранскиот сеизмолошки центар од каде велат дека потресот бил проследен со хоризонтално нишање на земјиштето кое кај нас траеше околу 20 секунди.

Инаку светот го тресат силни земјотреси повеќе од 1 месец. Серијата тргна од катастрофалниот во Хаити, каде загинаа над 220 000 жители, следуваше земјотресот во Чиле во кој загинаа над 700 лица.

Неодамна потреси беа регистрирани и на дното од Егејското Море,а во Турција во земјотресот пред два дена загинаа 60-мина, а околу 70 беа повредени. Последен е денешниот во Косово.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Силен земјотрес во Турција – над 60 загинати [08.03.2010]
• Чиле уште се тресе, нов земјотрес од 6.3 степени [05.03.2010]
• Силни бранови ја преплавија Хавана [04.03.2010]
• Земјотрес од 6,4 степени го погоди Тајван [04.03.2010]
• 100 загинати во одрон на земјиште во Уганда [03.03.2010]

  Најнови вести од Балкан 
• Светските милијардери се населуваат во Црна Гора [30.07.2010]
• Србија се коцка со кандидатурата во ЕУ [30.07.2010]
• Друцас: Да се избегне ќорсокак Белград - Приштина [30.07.2010]
• Над сто илјади туристи блокирани во северна Грција [30.07.2010]
• Тачи: Заборавете на размена на територии [29.07.2010]
• Прашањето за Косово се сели во Њујорк [29.07.2010]
• Грција ќе остане без гориво поради штрајк [28.07.2010]
• „Дејли Телеграф“: Кетрин Ештон има таен план за Босна [28.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk