Промовирани трите последни дела на Блаже Ристевски
10.03.2010 14:43
 | | Блаже Ристевски | | | |
Димитрија Чупоски и македонската национална свест, Животот и делото на Кочо Рацин, Никола Вапцаров и македонскиот литературен кружок во издание на Институтот за македонски јазик се трите најнови објавени трудови на академик Блаже Ристовски, промовирани, денеска, во МАНУ. Чупоски, Вапцаров, Рацин се столбовите на македонската национална култура и оттаму мојот научен интерес за нив, вели академик Ристовски „Јас се обидов да го проучам животот и активноста на овие три личности, што претставуваат на некој начин прикажување на нашиот, прва половина на дваесеттиот век. Тоа е нашиот развоен процес во однос на јазикот, литературата, националната свест и борбата за нивна афирмација, внатрешна и меѓународна“, вели Блаже Ристовски, академик. Со презентацијата на автобиографијата на Чупоски ни се дава можноста појасно да го докажеме толку оспоруваното македонско културно и национално постоење, рече Валентина Миронска. Претставувајќи ја книгата за Рацин, Соња Стојменска-Елзесер рече дека таа ја претставува богатата и уникатна преписка на поетот-револуционер и дава прилог во реконструкција на неговата мистериозна смрт. Книгата за Вапцаров е посветена на еден век од неговото раѓање и 70 години од неговото застанување на чело на Македонскиот литературен кружок.
| 1. | Stefan од Skopje на 10.03.2010 во 15:13 напиша: |
| Cestitki za golemiot istrazuvac i dokazuvac na makedonskata samobitnost! |
| |
| 2. | илија од кавадарци на 21.08.2010 во 19:48 напиша: |
| секоја цест на ваков великан,голем цовек кој својот зивот го живее само за македонија... |
| |
|