Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Државата сака да им го одземе детето на Кулески

Дарко Штаргоски Коментари (18)   
10.03.2010 13:15
 
 

Државата сака да му го одземе родителското право на семејството Кулески од селото Штавица, на кои пред две недели во несреќен случај им се запали нивното дете.Постарата ќеркичка сакале да ја дадат на згрижувачко семејство.

Оцениле дека родителите немаат капацитет и материјални услови за нејзино одгледување.

„Не е само материјалната состојба причина за ова, сметаме дека се со намален капацитет и врз основа на тоа имаат и намалена одговорност“, изјави Снежана Јованоска, Директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Родителите не го даваат детето, велат за сиромаштија не се одзема дете. Не биле виновни за настанот бидејќи бил несреќа. Кулески живеат во страшна мизерија, без никакви приходи, немаат ниту за јадење.

Малата Билјана ќе има службен погреб во Бутел, бидејќи немале пари ниту да донесат во Прилеп. Марта Кулеска пак треба да се породи за неколку месеци, неизвесно е што ќе биде и со тоа дете.

„Од Центарот ми рекоа дека ќе ми го одземат детето бидејќи сум немал да го чувам, ако не сакам јас да го дадам ќе ме даделе на суд, јас не си го давам детето и реков наместо вие мене да ми дадете вие ми го одземате детето, срамота“, вели Гоце Кулески, татко на починатото дете.

Нејасно е дали државата на сите вакви социјални случаи, кои ги има илјадници, ќе им го одзема родителското право и зошто наместо да им помогне таа ги остава и без децата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Почина бебето кое се запали во прилепско [24.02.2010]
• Се запали бебе од шпорет на дрва [23.02.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk