Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

„То Вима“: Јазикот - „северномакедонски“

Сафет Бишевац Коментари (46)   
10.03.2010 13:31
Барак Обама - Јоргос Папандреу
 

Притисокот за името сега е врз Скопје, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас, по средбата во Вашингтон меѓу американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Покажавме во кој правец треба да се движат работите, изјави Друцас, нагласувајќи дека немало притисок од страна на претседателот Обама и државната секретарка Клинтон врз врз Атина за што побрзо решавање на спорот.

Сепак, дипломатски извори блиски до преговарачкиот процес за А1 тврдат дека Обама на средбата со Папандреу укажале на важноста од брзо решавање на прашањето за името, на важноста Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, за да се обезбеди стабилноста на регионот.

Грчкиот весник „Та Неа“, повикувајќи се на неименувани американски дипломати, објави дека Обама и Хилари Клинтон на Папандреу му предложиле да го прифати името Република Северна Македонија. Според „То Вима“, ако Грција го прифати предлогот, американците биле подготвени да ги известат Обединетите Нации со новото име да се замени референцата ФИРОМ и притоа јазик кој се зборува во земјата да се именува како северномакедонски.

Папандреу, наводно ветил дека ќе одговори откако детално ќе ги проучи барањата. Американската амбасадата во Скопје денеска соопшти дека нема информации за шпекулациите во грчкиот печат базиран на анонимни изјави.

САД ќе продолжат со поддршката на процесот што се води под покровителство на Обединетите Нации велат во американската амбасада. Во македонското МНР рекоа дека не коментираат пишувања на грчки весници.

За аналитичарите веста на „То Вима“, најверојатно е пробен балон на грчките власти, доколку навистина добил таков предлог од американците, Папандреу не би се двоумел да го прифатил истиот момент, бидејќи токму тоа се клучните грчки барања.

Македонија разговара за име со географска одредница како замена за ФИРОМ, но именувањето на јазикот како северномакедонски за македонската страна е неприфатливо, со оглед на општиот национален консензус во преговорите да не се задира во идентитетот и јазикот.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Грција бара интервенција од САД за името [10.03.2010]
• Антиквизација и меѓу играорците [09.03.2010]
• Средба за името на крајот на месецов [08.03.2010]
• До крајот на март Нимиц со нов предлог [05.03.2010]
• Иванов: Резолуцијата на ОН е македонската црвена линија [04.03.2010]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk