Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонија зафатена од циклонска активност

Мишко Иванов Коментари (11)   
10.03.2010 10:34
 
 

Сите стравуваат од прогнозите на метеоролозите доколку се појават ветровите со брзина и до 90 километри на час, што можат да предизвикаат огромни бранови. Тоа најмногу, во таква ситуација би можеле да го осетат жителите на Пештани во Охридско и Калишта и Струшко кои што на некој начин се погодени од надојденото Охридско езеро.

И понатаму тоа е 25cm над максимално утврдената кота. Охридското езеро не мирува, не мирува ниту реката Црн Дрим. Денес екипи од дирекцијата за заштита и спасување поставуваа насипи со вреќи полни со песок и од двете страни на Црн Дрим за да не дојде до излевање и до поплави во центарот на Струга.

Меѓутоа и покрај тоа што жителите овде имаат мака, барем жителите во Пештани, во Калишта и Радожда, политичките партии, особено СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не пропуштија и овој пат да направат една караница, еден дуел меѓусебе. Во Пештани денес беше лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, најави дека сето ова што се случува е катастрофа, меѓутоа не му останаа должни ниту од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е политика оваа јама, полна со вода, визбите полни со вода, куќите полни со вода, потпорните ѕидови што се рушат, тоа е реален тежок живот, со кој што се соочуваат овие луѓе што живеат овде во Пештани.

-Ако треба да има политика, треба да има единствена политика и од страна на централната власт и од страна на локалната власт, да им се помогне на овие луѓе. Владата има милион причини да поднесе оставка, не само заради ова, ова е милион и првата“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.

„Бранко Црвенковски со ништо неможе да објасни зошто во вакви услови неговиот градоначалник Александар Петревски ги остави граѓаните на Охрид и замина за Австралија“, рече Анита Кипаризова Крстевска, од ВМРО-ДПМНЕ.

Следуваа и други контра реакции на овие прес-конференции и на овие изјави на Црвенковски и на Кипаризова. Од СДСМ потврдија дека му е наложено на Александар Петревски веднаш да ја напушти посетата во Австралија и да се врати овде во Охрид.

Во Струга, дува ветар, меѓутоа засега не е страшно.

Господине Мерко, се поставуваат насипи со вреќи полни со песок, Дрим полека, но сигурно се крева нагоре. Има ли опасност?

„Мислам нема воопшто опасност некој да стравува за оваа ситуација, бидејќи се преземани сите потребни мерки за да бидеме сигурни. Овие вреќи се во сливот на реката Дрим бидејќи вчера донесовме одлука да го прошириме пропустот во сливот на реката Дрим.

Нема ли вака да направите проблем на Луково Поле?

-Не, нема да се направи, со тоа што вчера го прошетавме целиот проток на реката Сатеска, кажувам за старото корито и отворивме две врати каде што се контролира состојбата, а тоа ке презеде некаде околу 7 до 8 кубни метри вода во секунда, а толку вода ќе намали сливот на Сатеска во Охридското езеро“, изјави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Повеќе од овој разговор можете да погледнете во видеото.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Станува ли ситуацијата во Охрид и Струга драматична? [05.03.2010]
• Вештачењето од „Илинден“ пристигна во Охрид [04.03.2010]
• Охридското мирува, но паника има кај охриѓани [03.03.2010]
• Се чека на резултатите од вештачењето на бродот Илинден [02.03.2010]
• Охридско стагнира, Дебарско со минимален прелив [28.02.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk