Снег, дожд и ветер до 90 километри на час
10.03.2010 10:20
Македонија денеска ќе биде зафатена од циклонска активност од Медитеранот што ќе услови врнежи од снег и дожд, и ветер со брзина до 90 километри на час. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, снег ќе паѓа во северните делови на земјата и на планините, а врнежи од дожд на пониските места и на југот на Македонија. Ќе дува силен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 90 километри на час. Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од два до три степени. Променливо облачно време со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд и снег ќе се задржи до недела.
| 1. | Goran од Ohrid на 10.03.2010 во 19:17 напиша: |
| bas kaj nas ni sneg ni dozd ni veter tuku oblaci i sonce :)) |
| |
|