Азилантите се враќаат од Белгија
10.03.2010 07:54
Белгија претпладнево испрати 41 од економските азиланти од Македонија и Србија назад во родните места, објаснувајќи им јасно дека за нив во Белгија нема место. „Белгиската држава подготви автобус за српските и македонските државјани кои масовно дојдоа минатиот месец во Белгија за да им овозможи да се вратат во нивната земја или регион во најдобри можни услови. Тие се откажуваат од барањата за азил и под услов да имаат пасош тие утре ќе стигнат во Куманово“, рече портпаролката. Разочарани и гневни, пред да заминат, бегалците упатија порака и до домашните власти, Македонија е нивна земја и не сакаат да ја напуштат, туку сакаат убаво да живеат. „Македонија е моја земја, но заради работа, немам каде да одам“, изјави еден азилант. Белгија во февруари се соочи со невиден бран економски имигранти од Македонија, како последица од визната либерализација. Поради ова би можеле да бидат казнети следните земји кои се на списокот за укинување на визите - БХ и Албанија. Изманипулираните, таканаречени азиланти, зи заминаа дома гневни на оние кои ги измамија, но гневни и на Владата. Тие пред да заминат уште еднаш го повикаа премиерот Груевски да се откаже од градењето цркви и споменици на плоштадот и парите да ги пренасочи за народот.
| 1. | Renata Lozanova од Berlin на 10.03.2010 во 17:00 напиша: |
| Bravo! |
| |
| 2. | Vlatko од Skopje на 10.03.2010 во 17:34 напиша: |
| aj dobro dojdovte azilanti |
| |
| 3. | Зоран на 11.03.2010 во 07:23 напиша: |
| Само да не ни пикнат некои азиланти и преку ред од други места?!? |
| |
|