Домашните градежните компании ќе имаат предност на тендерите?
09.03.2010 18:54
Домашните градежни компании ќе добијат предност на тендерите во однос на странските фирми. За ваква опција веќе се размислува во владата. Вицепремиерот Пешевски за А1 вели дека тимови од министерството за правда и секретаријатот за европски прашања прават анализи дали ова се коси со европските директиви. Првичните анализи покажале дека во делот на градежништвото постои простор, домашна компанија да има предност на тендерите доколку понуди подеднакви услови со странска компанија. Ова не е дефинитивна одлука. Вакво барање бизнис ешалонот до владата испорачува со месеци. „Ако една Србија се уште го има одреден бонитет кога е во прашање на тендерите. Кажале они ако домашна компанија добие учевство на тендер, а учествува со 20 % повисока цена од надворешните, ја добива домашната компанија. И во Република Албанија каде нашите компании се доста застапени, таму е дефинитивно прецизирано, да, може да добиете тендер но претходно 40 % од работната сила ќе ја црпите од Р. Албанија“, вели Павел Трендафилов, синдикат на градежништво. Иако власта очекува градежништвото да има позитивни резултати, градежниот сектор ја губи битката на странските пазари. Русија е комплетно изгубена. Годинава пак на домашен терен бројот на одобренија за градба во март е намален за 35 проценти во однос на истиот месец лани.
| 1. | mkd од sk на 09.03.2010 во 21:16 напиша: |
Pa odamna ova trebase da se sprovede. Ama ajde narodnata podobro nekogas nego nikogas. |
| |
|