Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Државата да си ги подмири долговите кон фирмите

Александар Момировски Коментари (0)   
09.03.2010 18:24
Митко Алексов
 

Државата да си ги подмири долговите кон фирмите. Министерствата, јавните претпријатија, институциите должници да почнат редовно да ги плаќаат обврските бара приватниот сектор.

На само неколку дена по објавувањето на новите антикризни мерки на адреса на владата стаса старото барање од бизнис заедницата да се расчистат сметките.

„Ние инсистираме на подмирување на обврските, тоа перманентно го дискутираме, подмирување на обврските према компаниите од страна на државата, значи да се плати тоа што треба да се плати. На пример во градежниот сектор беше кажано дека за 45 дена ќе се плаќа меѓутоа има каснење некаде и по 6 месеци, некаде и по 9“, вели Митко Алексов, Сојуз на стопански комори.

Пари од државата бараат и општините. Велат дека владата своеволно, без законска основа им крати од парите што им следуваат од буџетот.

„Ние стоиме пред училиштето „Лазо Трповски“, кој се наоѓа во општина Карпош, за месец февруари вкупната блок дотација е само 700 евра за функционирање на волкаво училиште, а месечните трошоци за ова училиште се 13.100 евра. Јас прашувам од каде ќе најдеме средства да ги надоместиме овие огромни разлики во трошоците за функционирање на училиштата“, изјави Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Опозициската СДСМ смета дека е потребен итен ребаланс на буџетот затоа што стопанството нема пари да ја полни државната каса. ЛДП бара со закон да се гарантира дека државата ќе ги враќа долговите кон приватниот сектор. Евиденција колку точно државата им должи на фирмите нема, но по бизнис круговите се шпекулира дека станува збор за долгови тешки десетици милиони евра.

„Во некои институции поради двата ребаланса што беа минатата година можеби малку закаснија со некој прилагодувања така да има определена количина на заостанати обврски, но сметам дека ситуацијата не е до толку алармантна. Се следи размислување за некои конкретни чекори во таа насока“, рече Владимир Пешевска, вицепремиер за економски прашања.

Долговите на државата кон приватниот сектор се актуелизираат во време кога стопанството има сериозен проблем со ликвидноста. Кризата ги притиска фирмите кој се снаоѓаат како знаат за да го истуркаат месецот, а згора на тоа им должи и државата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Нови проекции за македонската економија [08.03.2010]
• Измени на законот за воздухопловство [07.03.2010]
• Експертите сметаат - мерките на Владата се пасивни [07.03.2010]
• СДСМ: Новите мерки се само спектакл [06.03.2010]
• Нов пакет антикризни мерки [06.03.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk