Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Агровести  

Овчеполските земјоделци повторно на протести

Виолета Кожинкова Коментари (0)   
09.03.2010 15:39
 
 

Овчеполските земјоделци со тракторите повторно излегоа на улица. Одржаа предупредувачи протест низ улиците на Свети Николе.

Имаат листа со 9 барања што ги доставија до Министерството за земјоделство. Најголемиот дел од нив се однесуваат за намалување на придонесите и олеснување на постапката за добивање на субвенциите.

„Бараме за аплицирањето за субвенции за 2010 да не се бараат потврди за платени придонеси кон ПИОМ и ФЗО, да се намалат придонесите и да се плаќаат еднаш годишно“, вели Јованче Крстев, земјоделец од Свети Николе.

560-те индивидуални земјоделци се жалат дека поради воведувањето на нови давачки пари кај нив се помалку има.

„Воопшто немаме пари да плаќаме никакви давачки, крај е со нас“, вели Ангел Стојчев, земјоделец.

„Ќе се мачиме ќе се мачиме, бидејќи немаме каде, но после нас земјоделци нема да има повеќе“, вели Љубе Анастасов, земјоделец.

Денешниот протест се одржа во организација на Здружението „Овчеполски фармер“, со поддршка на Конфедерацијата на независни синдикати, од каде најавија радикализација на протестите.

„Доколку до петок не добиеме одговор ќе излеземе на протести надвор од Свети Николе, кај обиколницата кон Штип, Велес и Куманово“, вели Гоце Делчев Тодев, Конфедерација на независни синдикати.

Организаторите најавија дека очекуваат во нивните барања да им се приклучат сите регистрирани земјоделци, кои само во Источна Македонија ги има околу 12.000 илјади.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Земјоделците покренаа иницијатива за формирање на свој синдикат [06.03.2010]
• Во Пелагонија започна процената на штетите од поплавите [04.03.2010]
• Ќе се заштитуваат земјоделските производи [03.03.2010]
• Земјоделството тоне [29.12.2005]
• В година, поголеми средства за Министерството за земјоделие [14.10.2005]

  Најнови вести од Агровести 
• Залихите на вино најавуваат неизвесност на новата реколта [30.07.2010]
• Арачиновци со проблеми на наводнувањето [28.07.2010]
• Валандовското поле остана суво - земјоделците револтирани [28.07.2010]
• Без наводнување, се сушат плантажите во Валандовско [27.07.2010]
• Тешка година за лозарите [27.07.2010]
• Почна гроздоберот на плантажите на визбата Валандово [26.07.2010]
• Гром усмрти стадо овци во Арачиново [25.07.2010]
• Репортажа од село Буковиќ [24.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk